На 31.05.2018 година се одржа завршната конференција на проектот „Не сум чуден, само имам дислексија!“. На конференцијата свои говори имаа: – Тодора Поп Трајков – Грѓанска асоцијација МОСТ – Сања Наумовска – Истражувачки новинар – Билјана Божиновска – Професор по математика и родител на ученик со дислексија – Дамјан Николовски – Претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН „Во рамките на проектот „Не сум чуден, само имам дислексија!“, што се реализираше во периодот од февруари до мај 2018 година, беа изработени три истражувачки стории, со цел приближување на темата дислексија до медиумите. Првата беше компаративно истражување за третманост на дислексијата, кое опфати три држави, Македонија, Хрватска и Велика Британија. Втората сторија беше пренесување на искуства на родители и деца со дислексија и предизвиците со кои се соочуваат во образовниот процес. Третото истражување беше направено врз основа на истражувањето спроведено во 33 основни училишта од четири општини во Градот Скопје за степенот на запознаеност на наставниот кадар со дислексијата.

flag_yellow_low    eu za tebe      Logo      novo logo (3)

Проектот „Не сум чуден, само имам дислексија!“ е финансиран од Европската унија преку подгрантовата мрежа на проектот „Медиа платформа за застапување“ имплементиран од граѓанската асоцијација МОСТ.