Здружението Ајнштајн ги дигитализира своите активности, од таа причина со осбено задоволство ви го најавуваме online семинарот “Практични методи и алатки за работа со учениците со дислексија и дискалкулија” кој ќе се одржи на 15-ти април со почеток од 16 часот и 30 минути преку платформата https://zoom.us/ .
На семинарот ќе имате можност на интересен начин да се запознаете со принципите на Дејвисовата метода за корекција на дислексија, дискалкулија, диспраксија, диграфија и АДХД со примена на практични алатки за ученици со дислексија и дискалкулија кои може да се користат за време на часовите, но и во домашни услови.
Семинарот ќе биде поделен во два дела и тоа:

Практични алатки за помош на деца со дислексија
👉 Краток вовед во дислексија
👉 Како да ја препознаете дислексијата
👉 Стратегии за работа во класот во кој има ученици со дислексија
👉 Практични вежби за помош на деца со дислексија
👉 Совладување на азбуката
👉 Креирање на збор со пластелин
👉 Ментални алатки за обезбедување на фокусираност
👉 Мотивација и одговорност
👉 Стратегии за читање за деца со дислексија
Практични алатки за помош на деца со дискалкулија
👉 Вовед во дискалкулија
👉 Како да ја препознаете дискалкулијата
👉 Практични вежби за помош на деца со дискалкулија
👉 Основни математички симболи
👉 Основни математички операции
👉 Совладување на таблица за множење
👉 Декаден систем

На семинарот обучувач ќе биде единствениот лиценциран тренер за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД по светски познатиот метод на Рон Дејвис Славица Тасевска Николовска .
Семинарот ќе биде реализиран од страна на првото здружение за дислексија Ајнштајн во соработка со Центарот за потешкотии во учењето Дислексико.
Семинарот ќе биде во времетраење од 5 часа, а сите заинтересирани е потребно своето учество да го најават преку следниот линик https://forms.gle/q4g73hkJHPp9HrLUA 

Последен предвиден рок за пријавување на вашето учество е 15.04.2020
Во однос на котиазацијата можете да одберете два типа на котизација и тоа:

👉 599 денари за следење само на online семинарот “Практични методи и алатки за работа со учениците со дислексија и дискалкулија” и издавање на сертификат на домашна адреса

или

👉 999 денари за следење на online семинарот “Практични методи и алатки за работа со учениците со дислексија и дискалкулија” и следење на online курсот “Дислексија: основи, препознавање и поддршка” кој е поделен во 4 модули и тоа.1 Основи на дислексијата, 2 Детекција на дислексијата, 3 Техники и алатки за работа со учениците со дислексија
и 4 Психолошка слика на учениците со дислексија. Овој тип на котизација ќе ви овозможи сткенување на два сертификати кои ќе ви бидат доставени на домашна адреса
За следење на семинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.

За сите дополнителни информации околу пакетите за следење на семинарот ви стоиме на располагање во било кое време на 078 296 885

Со почит
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

92989809_2944826478906318_3259457909364359168_o