На 01 Октомври започна и официјалното одбележување на Октомври како месец посветен на подигнување на јаваната свест за дислексијата во Република Македонија. За таа цел беше организирана и панел дискусијата насловена „Употребата на медикаменти и психолошката слика на дислексичарите”. На оваа панел дискусија свои говори имаа:

  • Др.сц. Силвана Филипова – Директор на Заводот за рехабилитација на слух говор и глас
  • Катерина Николовска – Академски јазичен терапевт QSI – International school of Skopje
  • Славица Тасевска Николовска – Лиценциран тренер за дислексија по методот на Рон Дејвис
  • Др. Мирјана Јовановска Стојановска – Претседател на комора на психолози на Република Македонија

Благодарност до сите учесници и говорници кои што со своето присуство ни помагаат во јакнењето на свеста за дислексијата и создавањето на поволна подлога за започнување на креирање на инклузивно општество за лицата со дислексија.

                                                                                    13445916_1288120491206065_1212191508_o(1)

Оваа панел дискусија е дел од проектот “Транспарентни информации за дислексијата” финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија