Како дел од проектот “Транспарентни информации за дислексијата” се одржа и последната панел дискусија насловена “Образовните предизвици на дислексичарите”.

Овој пат со поразличен концепт од веќе реализирани панел дискусии, целта на настанот беше практичарите кои секојдневно се среќаваат со учениците со дислексија да ги споделат своите искуства и практики. На оваа панел дискусија свои говори имаа:

  • Сања Наумовска – Родител на дете со дислексија
  • Мејрем Кајоли Туша – Одделенски наставник во ОУ. “Лирија”
  • Наде Молеровиќ – Директор на ОУ. “Гоце Делчев”
  • Илинка Ставрова – Дислексичар
  • Др. Мирјана Јовановска Стојановска – Претседател на комора на психолози на Република Македонија

Огромна благодарност до сите учесници и говорници кои што со своето присуство ни помагаат во јакнењето на свеста за дислексијата и создавањето на поволна подлога за започнување на креирање на инклузивно општество за лицата со дислексија.

 

          13445916_1288120491206065_1212191508_o(1)                                                                    “LOGO_AJNSTAJN.jpeg”

Оваа панел дискусија е дел од проектот “Транспарентни информации за дислексијата” финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија