Почитувани,
Здружението за дислексија АЈНШТАЈН ве поканува на првата панел дискусија “Дислексијата во Република Македонија” во рамки на проектот “Транспарентни информации за дислексијата”.
На панел дискусијата ќе присуствуваат голем број на стучни лица кои дирекно се занимаваат со дислексијата и истата ќе преставува можност сите заедно да дискутираме за проблемите, препреките и предизвиците со кои сите ние како родители, наставници и стручни лица се соочуваме секојдневно.
Целата на проектот е пред се граѓаните на Република Македонија да добијат транспарентни информации за дислексијата, начините на кои истата се третира, компетенциите на стручните лица кои работат со оваа состојба и информации за начините на кои истата се изучува на Универзитетите во нашата држава.
Панел дискусијата ќе се одржи на 03 септември со почеток од 18 часот во Гем клубот (Кафе бар Менада – Стара Скопска чаршија).
Вашето присуство е потребно да го регистрирате на слениот линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfGFzR5sz37C4OEPUHxnMCzMfrp2Oha7hFKSudqm6RXKoKp0Q/viewform
Бројот на учесници е строго ограничен.
За дополнителни информации може да се обратите во било кое време на 078 296 885.

Со почит
Тимот на Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

 

“LOGO_AJNSTAJN.jpeg”                                                                                   13445916_1288120491206065_1212191508_o(1)
Проектот “Транспарентни информации за дислексијата” е финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.