Почитувани,

Здружението за дислексија АЈНШТАЈН ве поканува на втората панел дискусија насловена „Употребата на медикаменти и психолошката слика на дислексичарите”.
На панел дискусијата свои говори ќе имаат:

  • Д-р. сц. Силвана Филипова – Директор на Завод за рехабилитација на слух говор и глас
  • Д-р Мирјана Јовановска Стојановска – Претседател на Комора на психолози на Република Македонија
  • Славица Тасевска Николовска – Лиценциран тренер за дислексија по методот на Рон Дејвис
  • Катерина Николовска – Тренер за дислексија по Ортон Гилингам метод

На настанот покрај говорниците ќе присуствуваат и останатите стручни лица кои работат во областите побрзани со оваа проблематика.

Оваа панел дискусија ќе преставува можност сите заедно да дискутираме за употребата на медикаментите при третманот на учениците со дислексија, но и можност подетално да се запознаеме со психолошката слика на дислексичарите и психолошките проблеми кои ги предизвикува оваа состојба.

Целата на проектот е пред се граѓаните на Република Македонија да добијат транспарентни информации за дислексијата, начините на кои истата се третира, компетенциите на стручните лица кои работат со оваа состојба и информации за начините на кои истата се изучува на Универзитетите во нашата држава.

Панел дискусијата ќе се одржи на 01 октомври со почеток од 18 часот во Гем клубот (Кафе бар Менада – Стара Скопска чаршија).
Вашето присуство е потребно да го регистрирате  тука.

Бројот на учесници е ограничен.

За дополнителни информации може да се обратите во било кое време на 078 296 885.

Со почит
Тимот на Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

 

Панел дискусијата се одржува во рамки на проектот “Транспарентни информации за дислексијата” финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.