Почитувани,

Здружението за дислексија АЈНШТАЈН како дел од активностите по повод октомври месецот за подигнување на јаваната свест за дислексијата ве поканува на третата панел дискусија насловена „Образовните предизвици на дислексичарите”.

На панел дискусијата ќе присуствуваат голем број на стручни лица кои директно се занимаваат со дислексијата и истата ќе преставува можност сите заедно да дискутираме за проблемите, препреките и предизвиците со кои сите ние како родители, наставници и стручни лица се соочуваме секојдневно.

Целата на проектот е пред се граѓаните на Република Македонија да добијат транспарентни информации за дислексијата и да се слушне нивниот глас во однос на образовните и здравствените предизвици со кои се соочуваат лицата со дислексија.

Панел дискусијата ќе се одржи на 08 октомври со почеток од 18 часот во Гем клубот (Кафе бар Менада – Стара Скопска чаршија).

Вашето присуство е потребно да го регистрирате тука.

Бројот на учесници е строго ограничен.

За дополнителни информации може да се обратите во било кое време на 078 296 885.

Со почит

Тимот на Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

 

           13445916_1288120491206065_1212191508_o(1)                                                                     “LOGO_AJNSTAJN.jpeg”

Панел дискусијата се одржува во рамки на проектот “Транспарентни информации за дислексијата” финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.