1. Пофалбата им дава сила. Критиката ги убива!

На учениците со дислексија им треба поттик за јакнење на нивната самдоверба, за потоа да научат да се справуваат со дислексијата. Тие веќе доживеале неуспех и длабоко во себе чувствуваат дека не се способни за учење. За да ја вратите нивната самодоверба, пронајдете можност за покажување одреден успех, а потоа пофалете ги и најмалите достигнувања. Секое подобрување кај овие деца е огромен успех за нив.

  1. Не барајте од ученикот со дислексија читање на глас!

Поради потешкотијата која ј имаат овие ученици и грешките што би ги направиле, тие би доживеале срам, што пак од друга страна е контраефективно за нивната самодоверба.

  1. Не ги казнувајте ако заборавиле книга или прибор

Понудете им организациски стратегии за чување на приборот на едно место.

  1. Не го употребувајте зборот мрзлив

Учениците со дислексија треба да работат понапорно за да дојдат до помал успех. Затоа тие имаат потешкотии да останат фокусирани при читање, пишување и слушање.

  1. Очекувајте помалку од писмената работа

Ученикот со дислексија може да се изразува убаво, но да има поштешкоти содржината да ја пренесе на хартија. Дозволете им повеќе време за читање, слушање и разбирање.

  1. Спремете им потсетник за домашна работа со одредени упатства.

Обезбедете им нумерирани чекори. Пр. 1) Направи ова 2) Напиши тоа и.т.н.

  1. Не барајте од нив да препишат текст од табла или книга

Обезбедете им веќе испечатен материјал и заокружете или посочете на што највеќе да се обрати внимание.

  1. Прифатете им домашна работа напишана на компјутер

Пишувањето со рака е измачување за најголем број од учениците со дислексија. Користењето на компјутерските апликации во голема мера ќе им го олесни пишувањето. Дозволете им користење и на алатки за правописна и граматичка корекција.

  1. Дискутирајте со него одредена активност, метода за да бидете сигурни дека е добро разбрана.

Особено визуализација на методот или неговото зповрзување со забавни информации, би му помогнале на ученикот полесно да запамети.

  1. Дајте им можност за усно одговарање на прашањата.

Обично лицата со дислексија може лесно да го презентираат нивното знаење усно, додека имаат проблем истото да го напишат писмено.

ГРАДЕЊЕТО САМОДОВЕРБА Е МНОГУ ВАЖНО ЗА УЧЕНИЦИТЕ СО ДИСЛЕКСИЈА. За тоа е потребно познавање на нивната психичка состојба, таленти и способности, како и примена на соодветни наставни методи – методи за работа со ученици кои имаат поразвиена десна мозочна хемисфера.

Пишува: Билјана Божиновска (Извор: https://www.nessy.com/uk/teachers/essential-teaching-tips-dyslexia/)