Во рамки на проектот “Инклузивни образовани политики за учениците со дислексија” се креираше прирачникот за идентификација и поддршка на учениците со дислексија чиј автор е Славица Тасевска Николовска – Лиценциран тренер за дислексија по методот на Рон Дејвис.

Прирачникот е наменет за педагошко психолошките служби во основните училишта, но истиот може да се користи и од страна на наставниот кадар на училиштата. Прирачникот е достапен во електронска верзија за сите оние кои сакаат да допринесат кон градење на инклузивно општество за учениците со дислексија.

Прирачникот може да го превземете на следниот линк или пак да го превземете во ПДФ* формат преку следниот линк Прирачник за идентификација и поддршка на учениците со дислексија .

Проектот “Инклузивни образовни политики за учениците со дислексија” е финансиран од Фондацијата
Отворено општество – Македонија. Содржината на овој прирачник е единствена одговорност на авторот и на
Здружението за дислексија АЈНШТАЈН, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и
ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

  FOOM logo new 2011-01                                                                                                     Untitled