Здружението за дислексија АЈНШТАЈН Скопје и Град Скопје на ден 15.05.2015 година потпишаа договор за реализација на Проектот “Знаете ли што е дислексија? Секако” со што и се започна реализацијата на самиот проект.

Главна цел на проектот е спроведување на истражување за тоа колку дислексијата е застапена во две средни училишта од територијата на Град Скопје поточно С.У.Г.С Здравко Цветковски и С.У.Г.С Лазар Танев .

Целосниот извештај од истражувањето можете да го погледнете тука  Извештај од истражување 2015

ТЕМА : Застапеност на дислексијата помеѓу учениците во С.У.Г.С Здравко Цветковски и С.У.Г.С Лазар Танев

ВИД НА ИСТРАЖУВАЊЕ : Анкетни прашалници

ЦЕЛНА ГРУПА : Ученици од 1-ва и 2-ра година од С.У.Г.С Здравко Цветковски и ученици од  1-ва година во С.У.Г.С Лазар Танев

ВКУПЕН БРОЈ НА УЧЕНИЦИ : 984

ВКУПЕН БРОЈ НА ОДГОВОРЕНИ ПРАШАЛНИЦИ : 782

ВКУПЕН БРОЈ НА ПОНИШТЕНИ ПРАШАЛНИЦИ : 42

ВКУПЕН БРОЈ НА НЕОДГОВОРЕНИ ПРАШАЛНИЦИ : 160

Дислексија е специфична потешкотија при читање и пишување во услови на  вообичаени методи на учење кои се применуваат во образовниот систем и при просечни или надпросечни интелектуални способности. Во нашиот систем на образование дислексијата не е евидентирана како присутна потешкотија кај одреден број на ученици. Во Република Македонија досега не се направени истражувања за бројот на лица кои страдаат од дислексија, но истражувањата во развиените земји покажуваат дека во англиското говорно подрачје дислексијата е застапена кај 15 % од луѓето а во словенското говорно подрачје кај 10 % до 15 %. Словенските јазици се транспарентни јазици поради што и процентот на застапеност на дислексијата е понизок.

Целта на анкетата беше да се добијат податоци за застапеноста на дислексијата помеѓу средношколците од наведените две училишта со цел понатамошно дејствување на полето на дислексијата во Република Македонија .