Здружението за дислексија АЈНШТАЈН Скопје и Град Скопје на потпишаа договор за реализација на Проектот “Дислексијата е друг збор за дарба” со што и се започна реализацијата на самиот проект.

Главна цел на проектот е спроведување на истражување за тоа колку дислексијата е застапена во три средни училишта од територијата на Град Скопје поточно  С.У.Г.С ПАНЧЕ АРСОВСКИ, С.У.Г.С ГЕОРГИ ДИМИТРОВ И С.У.Г.С ШАИП ЈУСУФ.

Анализата од истражувањето можете да ја погледнете  Тука – извештај од истражување

ТЕМА : Застапеност на дислексијата помеѓу средношколците од  С.У.Г.С ПАНЧЕ АРСОВСКИ, С.У.Г.С ГЕОРГИ ДИМИТРОВ И С.У.Г.С ШАИП ЈУСУФ

ВИД НА ИСТРАЖУВАЊЕ : Анкетни прашалници

ЦЕЛНА ГРУПА : Учениците  од 1-ва, 2-ра, 3-та и 4-та година од С.У.Г.С ПАНЧЕ АРСОВСКИ, С.У.Г.С ГЕОРЃИ ДИМИТРОВ и ученици од  1-ва, 2-ра и 3-та година во С.У.Г.С ШАИП ЈУСУФ

ВКУПЕН БРОЈ НА ОДГОВОРЕНИ ПРАШАЛНИЦИ : 1284

ВКУПЕН БРОЈ НА ПОНИШТЕНИ ПРАШАЛНИЦИ : 75

ВКУПЕН БРОЈ НА НЕ ОДГОВОРЕНИ ПРАШАЛНИЦИ : 137

Дислексија е специфична потешкотија при читање и пишување во услови на  вообичаени методи на учење кои се применуваат во образовниот систем и при просечни или надпросечни интелектуални способности. Во нашиот систем на образование дислексијата не е евидентирана како присутна потешкотија кај одреден број на ученици. Во Република Македонија досега не се направени истражувања за бројот на лица кои страдаат од дислексија, но истражувањата во развиените земји покажуваат дека во англиското говорно подрачје дислексијата е застапена кај 15 % од луѓето а во словенското говорно подрачје кај 10 % до 15 %. Словенските јазици се транспарентни јазици поради што и процентот на застапеност на дислексијата е понизок.

Целта на анкетата беше да се добијат податоци за застапеноста на дислексијата помеѓу средношколците од наведените две училишта со цел понатамошно дејствување на полето на дислексијата во Република Македонија .

извештај од истражување 2016