Девојчето од мраз

Девојчето од мраз

Од сега во Здружението за дислексија АЈНШТАЈН можете да ја набавите книгата “Девојчето од мраз и други бајки” наменета за лица со дислексија и потешкотии во учењето  од авторката Мила Павиќевиќ во издание на издавачката куќа “ВЕРМИЛИОН”.

Експертите од ”Дислексија екшн”, најголемата британска организација која обезбедува услуги за лицата со дислексија, користат систем на оценување на соодветноста на книгите според содржината која би била интересна за хронолошката возраст на детето и неговата читателска возраст. Оваа книга е оцената високо според листата на критериумите.

Македонското издание е специјално подготвено според критериумите за оценување на книги кои се соодветни за деца со проблеми во читањето.

Цената на ова издание изнесува 200 денари.

За повеќе информации можете да се обратите на 078 296 885.

Skills

Posted on

јуни 5, 2017