Бизнисменот Ричард Бренсон сопственик на една од најуспешните светски авио компании  “Virgin Airlines” вели дека во дислексијата треба да се препознае голем потенцијал при борбата со стереотипите.

Бренсон на 16 годишна возраст го напуштил училиштето, тој вели дека во тоа време дислексијата била третирана како хендикеп и неговите наставници тврделе дека е глупав, мрзелив и ученик кој едноставно нема никаков потенцијал во животот.

На сето тоа од денешна перспектива тој слатко се потсмевнува и само кажува дека Алберт Ајнштајн, Хенри Форд, Томас Едисон и многу други успешни личности имале дислексија.

Во една статија за “The Sunday Times” тој ќе напише “Причината зошто мислам дека луѓето со дислексија страдаат во училиште е тоа што ние дислексичарите претендираме работите да ги направиме наједноставни или едноставно да ги симплифицираме”

Неговата хуманитарна организација “Made by dyslexia” има спроведено истражување преку кое е дојдено до податок дека само 3 проценти од испитаниците ја сметаат дислексијата како позитивна особина кај луѓето.

“Време е да се променат стигмите околу дислексијата” изјави тој. “Дислексијата не е недостаток, туку само различен начин на размислување“

 “Од кога го напуштив училиштето и анархистичките училишни практики и предрасуди мојот ум се отвори. Надвор во реалниот свет, мојата дислексија постана масивна предност: ми помогна да размислувам креативно и да гледам решение онаму каде што сите гледаа проблем ”

Тој вели “За да ги смениме перцепциите за дислексијата, мораме да покажеме и докажеме дека дислексичарите можат да постигнат многу, а со тоа ќе направиме младите луѓе до дислексија да не се откажуваат уште пред да почнат ”

“Мораме да се осигуриме дека секое училиште има капацитет и познавања за идентификација на дислексијата, но и да им ја дадеме потребната поддршка на сите дислексични шампиони да се изградат како вистини личности”

Бренсон се надева дека неговата нова хуманитарна организација ќе успее да развие кампањи со кои ќе се објасни дислексичниот начин на размислување, но исто така се надева и на голема соработка со владините институции, бизнис лидерите и индивидуалци во идентификацијата и инспирирањето на дислексичарите.

Тој додава “Еден од 10 Британци има дислексија тоа се повеќе од шест милиони луѓе. Само замислете ја разликата што можеме да ја направиме ако секој еден од овие луѓе биде охрабрен да го постигне твојот потенцијал и да се стреми нивниот сон да постане реалност, а дислекичарите верувајте имаат бујни соништа”

ВРЕМЕ Е ДА НАПРАВИМЕ РАЗЛИКА !!!

Пишува: Д.Н