Почитувани,

Со големо задоволство ви го најавуваме првиот семинар за АДХД во организација на Здружението “АЈНШТАЈН“ и Здружението “Brain genius kids” насловен “Хиперактивни сонувачи во училиштата”.
Семинарот ќе се одржи на ден 15.12.2018 година со почеток во 10 часот.

Предавачи на семинарот ќе бидат:

  • Г-дин Марко Ферек – Република Хрватска

Г-дин Ферек е потпретседател на Европската асоцијација за АДХД и Претседател на Здружението за разбирање на лицата со АДХД “Будење”
Опис на предавањето:
Марко Ферек ќе нè запознае со неговата лична приказна како е да се расте и созрева како човек кој се соочува со симптоми на хиперактивност, невнимание и импулсивност и дава уникатна перспектива за учениците чија различност не била забележана во тоа време. Преку неговата животната приказна многу подобро ќе се запознаеме со симптомите на АДХД и ќе видиме како како истите симптоми кои создаваат проблеми можат да станат големи предности. Предавањето ќе се состои од конкретни примери и совети кои ќе ги сензибилизираат и мотивираат наставниците во нивната работа и ќе им овозможи да воспостават подобра динамика и комуникација со своите ученици.

  • Г-ца Кристина Ана Мудриниќ – Република Хрватска 

Г-ца Мудриниќ е Претседател на Здружението “Светлата страна на дислексијата” и единствен лиценциран тренер во Република Хрватска за корекција на АДХД и АДД по светски познатиот метод на Рон Дејвис.
Опис на предавањето: 
Споделување на лично искуство при справување и живеење со АДХД како и придобивките од методот на Рон Дејвис за корекција на дислексијата и АДХД; Како размислува дете со АДХД – искуства; Примери од работа со деца со АДХД;

  • Г-ѓа Славица Тасевска Николовска – Република Македонија

Г-ѓа Тасевска Николовска е основач на Здружението “Ајнштајн” и единствен лиценциран тренер за корекција на дислексија, дискалкулија, АДХД и АДД по методот на Рон Дејвис во Република Македонија
Опис на предавањето:
Како сликовитиот начин на размислување е поврзан со АДХД; Спонтана дезориентација како причина за АДХД
Четири карактеристики на АДХД во кои треба да се бара причината за неадекватно однесување и тешкотии вo учењето;
– Хиперактивност
– Хипоактивност
– Импулсивност
– Невнимание

Семинарот насловен “Хиперактивни сонувачи во училиштата” е наменет за наставници, дефектолози, логопеди, психолози, педагози, родители но и за заинтересирани граѓани.

Семинарот е во времетраење од 6 часа со паузи, а локацијата ќе биде дополнително соопштена.

 

Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк: 

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdsooIvuJAsfqvNV_4DtdGXIVolxbG56sM5ymSS40_8CYaYDQ/viewform

 

Котизацијата за учество изнесува 1400 денари од учесник, по завршување на работилниците сите учесници ќе добијат сертификат за учество.

Последен предвиден рок за пријавување на вашето учество е 12.12.2018 година.

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во било кое време на 078 296 885

Ве очекуваме!