Со огромно задоволство во соработка со НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола ви го најавуваме првиот практичен семинар за дислексија и дискалкулија во Битола, кој ќе се одржи на 7-ми март со почеток од 10 часот во Универзитетската библиотека.
На семинарот “Практични методи и алатки за дислексија и дискалкулија” ќе имате можност одблиску да се запознаете со принципите на Дејвисовата метода за корекција на дислексија, дискалкулија, диспраксија, диграфија и АДХД со примена на практични алатки за ученици со дислексија и дискалкулија кои може да се користат за време на часовите, но и во домашни услови.

Семинарот ќе биде поделен во два дела и тоа:
Практични алатки за помош на деца со дислексија
👉 Краток вовед во дислексија
👉 Како да ја препознаете дислексијата
👉 Стратегии за работа во класот во кој има ученици со дислексија
👉 Практични вежби за помош на деца со дислексија
👉 Совладување на азбуката
👉 Креирање на збор со пластелин
👉 Ментални алатки за обезбедување на фокусираност
👉 Мотивација и одговорност
👉 Стратегии за читање за деца со дислексија
Практични алатки за помош на деца со дискалкулија
👉 Вовед во дискалкулија
👉 Како да ја препознаете дискалкулијата
👉 Практични вежби за помош на деца со дискалкулија
👉 Основни математички симболи
👉 Основни математички операции
👉 Совладување на таблица за множење
👉 Декаден систем

Интерактивните вежби ќе опфатат работа со глина со цел да се објасни суштината и значењето на јазикот, моделирање на збор кој е тежок за визуелизизација и вовед во математиката преку моделирање со глина.

Семинарот е наменет за сите наставници, специјални едукатори, психолози, родители, логопеди, педагози како и за сите заинтересирани граѓани.
На семинарот свои работилници и предавања ќе има единствениот лиценциран тренер за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД по светски познатиот метод на Рон Дејвис Славица Тасевска Николовска .

Семинарот ќе биде реализиран од страна на првото здружение за дислексија Ајнштајн во соработка со НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и Центарот за потешкотии во учењето.

Семинарот ќе биде во времетраење од 5 часа со една кафе пауза и една ручек пауза.
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк https://forms.gle/axp9nfTnTgLQB2it7

Котизацијата за учество изнесува 1100 денари од учесник. За сите активни членови на Здружението Ајнштајн следува 20% попуст на котизацијата.
По завршување на работилниците сите учесници ќе добијат сертификат за учество.
Последен предвиден рок за пријавување на вашето учество е 03.03.2020 година.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во било кое време на 078 296 885

Ве очекуваме

Со почит
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН