Почитувани,

Ни претставува големо задоволство да ви го најавиме практичниот семинар за потешкотиите во учењето насловен “Современи методи и алатки при работа со ученици со дислексија и дискалкулија – Битола”.

Семинарот ќе се одржи на ден 22.12.2018 година со почеток од 10 часот во Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Семинарот ќе биде реализиран од страна на првото здружение за дислексија Ајнштајн во соработка со Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.

На семинарот свои работилници и предавања ќе имаат единствените лиценцирани тренери во Република Хрватска и Република Македонија за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД по светски познатиот метод на Рон Дејвис Кристина Ана Мудриниќ и Славица Тасевска Николовска.

Наслов на работилницата: “Принципите за работа на Дејвисовата метода за корекција на дислексија и дискалкулија”

Краток опис на работилницата: Г-ѓа Тасевска Николовска и Г-ца Мудриниќ ќе одржат презентација на принципите на Дејвисовата метода за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД со примена на практични алатки за ученици со дислексија кои може да се користат за време на часовите, но и во домашни услови
Интерактивните вежби ќе опфатат работа со глина со цел да се објасни суштината и значењето на јазикот, моделирање на збор кој е тежок за визуелизизација и вовед во математиката преку моделирање со глина.

Семинарот ќе биде во времетраење од 5 часа со паузи.

Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdP_fOsqIvnccPH69mXmpXG9KHQbKfV8RDw_2TIUN6zsJGpow/viewform

Котизацијата за учество изнесува 1200 денари од учесник, по завршување на работилниците сите учесници ќе добијат сертификат за учество.
Последен предвиден рок за пријавување на вашето учество е 18.12.2018 година.

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во било кое време на 078 296 885

Ве очекуваме!