Здружението за дислексија Ајнштајн со задоволство ви го најавува практичниот семинар за потешкотиите во учењето насловен “Современи методи и алатки при работа со ученици со дислексија и дискалкулија”.

Семинарот ќе се одржи на ден 16.11.2019 година со почеток од  10 часот на Филозофскиот факултет во Скопје.

Семинарот ќе биде реализиран од страна на првото здружение за дислексија Ајнштајн во соработка со Центарот за потешкотии во учењето Дислексико.

На семинарот ќе имате можност одблиску да се запознаете со принципите на Дејвисовата метода за корекција на дислексија,  дискалкулија, диспраксија, диграфија и АДХД со примена на практични алатки за ученици со дислексија и дискалкулија кои може да се користат за време на часовите, но и во домашни услови.

Семинарот ќе биде поделен во два дела и тоа:

Практични алатки за помош на деца со дислексија

👉           Краток вовед во дислексија

👉           Како да ја препознаете дислексијата

👉           Стратегии за работа во класот во кој има ученици со дислексија

👉           Практични вежби  за помош на деца со дислексија

👉           Совладување на  азбуката

👉           Креирање на збор со пластелин

👉           Ментални алатки за обезбедување на фокусираност

👉           Мотивација и одговорност

👉           Стратегии за читање за деца со дислексија

Практични алатки за помош на деца со дискалкулија

👉           Вовед во дискалкулија

👉           Како да ја препознаете дискалкулијата

👉           Практични вежби за помош на деца со дискалкулија

👉           Основни математички симболи

👉           Основни математички операции

👉           Совладување на таблица за множење

👉           Декаден систем

Интерактивните вежби ќе опфатат работа со глина со цел да се објасни суштината и значењето на јазикот, моделирање на збор кој е тежок за визуелизизација и вовед во математиката преку моделирање со глина.

На семинарот свои работилници и предавања ќе има единствениот лиценциран тренер за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД по светски познатиот метод на Рон Дејвис Славица Тасевска Николовска .

Семинарот ќе биде во времетраење од 5 часа со паузи.

Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdx_2l1Vay7o_e38c_7GnykpCaxrOR7MDkpW80jcM5yb2-Vag/viewform?usp=sf_link

Котизацијата за учество изнесува 1300 денари од учесник, доколку се пријавите група од над 4 ученика котизацијата изнесува 1100 денари од учесник. За сите активни членови на Здружението Ајнштајн следува 20% попуст на котизацијата.

По завршување на работилниците сите учесници ќе добијат сертификат за учество.

Последен предвиден рок за пријавување на вашето учество е 12.11.2019 година.

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во било кое време на 078 296 885

Ве очекуваме