23-ти ноември беше ден резервиран за вториот практичен семинар насловен “Современи методи и алатки при работа со ученици со дислексија и дискалкулија”.

Предавач на семинарот беше г-ѓа Славица Тасевска Николовска – Единствениот лиценциран тренер за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД по светски познатиот метод на Рон Дејвис од Едукативниот центар за потешкотии во учењето Дислексико.

Истиот беше поделен во два дела и тоа:

Дел 1. ДИСЛЕКСИЈА

👉 Како да ја препознаете дислексијата

👉 Теоријата на Рон дејвис

👉 Практични вежби за помош на деца со дислексија

👉 Совладување на азбуката

👉 Креирање на збор со пластелин

👉 Ментални алатки за обезбедување на фокусираност

👉 Стратегии за читање за деца со дислексија

Дел 2. ДИСКАЛКУЛИЈА

👉 Вовед во дискалкулија

👉 Како да ја препознаете дискалкулијата

👉 Практични вежби за помош на деца со дискалкулија

👉 Основни математички симболи

👉 Основни математички операции

👉 Совладување на таблица за множење

👉 Декаден систем

Чест и задоволство беше да помогнеме во градењето на вештитните на наставниците, педагозите, логопедите, специјалните едукатори и сите присутни учесници за практични алатки за работа со учениците со дислексија и дискалкулија во училиштата и во домашната средина.

Ви благодариме на сите за вашето присуство и покажаниот интерес да им помогнете на учениците со потешкотии во учењето.

Голема благодарност и до Филозофскиот факултет Скопје за поддршката при реализација на семинарот.

Се гледаме набрзо!