По повод октомври месецот за подигнување на јавната свест за дислексијата успешно го реализиравме првиот од низата практични семинари за дислексијата насловен “Практични методи и алатки при работа со учениците со дислексија”.

На семинарот свои едукативни работлници имаа:

Г-ѓа Славица Тасевска Николовска – Единствениот лиценциран тренер за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД по светски познатиот метод на Рон Дејвис
Наслов на работилницата: “Принципите за работа на Дејвисовата метода за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД”

Г-ѓа Катерина Николовска и Г-ѓа Даница Ѓуревски – Единствени “ALT” Академски јазични терапевти и “NILD”, Educational Therapistс in Training
Наслов на работилницата: “Дислексија и терапија во училница. Колку тешко може да биде?”

70 учесници се стекнаа со практични знаења и алатки за да им понудат поддршка на учениците со дислексија во училиштата и во домашната средина. Ви благодариме на сите за вашето присуство и покажаниот интерес за нас претставуваше големо задоволство да допринесеме повеќе во надградбата на вашите знаења.
Се гледаме набрзо !