Почитувани,

По успешната реализација на првиот во низата практични семинари за дислексија на ваше барање со големо задоволство ве покануваме на вториот практичен семинар за потешкотиите во учењето насловен “Практични методи и алатки при работа со учениците со дислексија бр.2”.

Семинарот ќе се одржи на ден 24.11.2018 година со почеток во 10 часот.
Локацијата на одржување ќе биде наскоро позната.

Семинарот насловен “Практични методи и алатки при работа со учениците со дислексија” е наменет за сите оние кои директно работат со учениците со дислексија како што се наставници, дефектолози, логопеди, психолози, педагози, но и за родителите кои сакаат да им помогнат на учениците во совладувањето на потешкотиите настанати од дислексијата.

Семинарот ќе биде реализиран од страна на првото здружение за дислексија Ајнштајн каде што свое учество ќе земат :

Г-ѓа Славица Тасевска Николовска – Единствениот лиценциран тренер за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД по светски познатиот метод на Рон Дејвис
Наслов на работилницата: “Принципите за работа на Дејвисовата метода за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД”
Краток опис на работилницата: Г-ѓа Тасевска Николовска ќе одржи презентација на принципите на Дејвисовата метода за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД со примена на практични алатки за ученици со дислексија кои може да се користат за време на часовите, но и во домашни услови
Интерактивните вежби ќе опфатат работа со глина со цел да се објасни суштината и значењето на јазикот, моделирање на збор кој е тежок за визуелизизација и вовед во математиката преку моделирање со глина.

Г-ѓа Катерина Николовска и Г-ѓа Даница Ѓуревски – ALT, Academic Language Therapists and NILD, Educational Therapistс in Training
Наслов на работилницата: “Дислексија и терапија во училница. Колку тешко може да биде?”
Краток опис на работилницата: Работилницата ќе опфати презентација на тешкотиите со кои се соочуваат учениците со дислексија во училницата и практични стратегии за работа од пристапот Ортон Гилинхам Предавачите во текот на работилницата фокусот ќе го постават на најдоминантните елементи и тешкотии со кои учениците со тешкотија се соочуваат.
Работилницата ќе биде со интерактивен карактер и ќе претставува симулација на еден терапевтски час во кој учесниците ќе искусат и почувствуваат како е да се биде ученик со дислексија.

Присутните учесници ќе бидат поделени во две групи кои паралелно ќе ги следат предавањата, по завршувањето на првите предавања ќе следи пауза по што групите ќе се ротираат.
Работилниците ќе бидат во времетраење од 5 часа со паузи.

Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да се регистрирате тука.

Котизацијата за учество изнесува 1200 денари од учесник, по завршување на работилниците сите учесници ќе добијат сертификат за учество.

Последен предвиден рок за пријавување на вашето учество е 22.11.2018 година.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во било кое време на 078 296 885

Ве очекуваме

Со почит
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН