Драги пријатели,

Конечно можеме да го поставиме крајот на оваа летна сезона и од се срце да Ви заблагодариме на сите што дојдовте и бевте дел од “Шарени умови”.

Ни претставува задоволство да ви претставиме дека токму ова беше првата активност од новата иницијатива која ја превзема нашето Здружение за штетното влијание од прекумерното користење на современата технологија врз развојот на децата.

Детските насмевки и детската радост се нашето најголемо задоволство, а токму преку овој настан успеавме да предизвикаме многу радост и многу детски насмевки.

Се надеваме дека за момент успеавме да ги оттргнеме децата од современата технологија и им ја покажеме вистинската детска игра.

Голема благодарност до сите нашите волонтери кои неуморно се вложија во организацијата на “Шарени умови” и до проектот на УСАИД за граѓанско учество кој преку неделата на граѓански организации го поддржа овој прекрасен настан.

Се гледаме на пролет на уште едно забавно дружење со нашите најмили.

Оваа активност е дел од Нeделата на граѓански организации поддржана од Проектот за граѓанско учество (ПГУ) на УСАИД – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност, организирани во периодот од 11-17 септември 2017 низ Република Македонија.

Фотографија: Марио Андоновски