Драги пријатели,

На наше големо задоволство ве каниме на настанот “Шарени умови”, каде што ќе може сите заедно одлично да се забавуваме и дружиме со нашите најмили.
Бидете во Градски парк кај споменикот Гоце Делчев на 15-ти септември во 17 часот, сите заедно да играме грабни стапче, плочка, брканица, да цртаме, да се влечеме со јаже, да скокаме во вреќи, да се натпреваруваме и да ја развиваме креативноста кај нашите децата.

Ве очекуваат многу забава, подароци и изненадувања.

Настанот е дел од иницијативата која ја покренува Здружението за дислексија АЈНШТАЈН за штетното влијание од современите технологии врз развојот на децата, а поддржан преку проектот на УСАИД за граѓанско учество и неделата на граѓански организации.

Се гледаме,
Срдечно,
Тимот на Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

Slika1