Психолог едукатор

Дарја Николовска е дипломиран психолог при Југозападниот универзитет “Неофит Рилски” во Република Бугарија.

Психологијата почнува да ја проучува од 17 годишна возраст, а пасијата кон детската психологија ја развива на додипломските студии. Во Република Бугарија има посетувано обука за когнитивно- бихејвиорална терапија. По завршувањето на студиите, се насочува кон изучување на психологијата на деца со потешкотии во учењето и активно почнува да ја следи и проучува работата на тренерите за дислексија. Во текот на своето работно искуство има работено како образовен асистент на деца со специфични потешкотии во учењето.

Во Здружението за дислексија Ајнштајн започнува како волонтер во 2017-та година, а активно започнува да работи од 2018 година како проектен координатор и проектен асистент на бројни проекти, а дел од нејзината работа е насочена и кон организирање на настани, семинари, обуки и работилници посветени на едукација на наставниот кадар, родители и средношколци. Нејзината работа во Ајнштајн најмногу се истакнува преку проектите “Вклучи внимание” – проект насочен кон намалување на зависноста од современата технологија кај децата и проектот “Асистивна технологија за дислексија”. Работата на овие проекти и овозможува директен контакт со деца, запознавање со нивната психологија и развој, потешкотиите со кои се соочуваат, а со тоа уште подлабоко навлегува во проучувањето на децата и нивната психа.

Дарја беше еден од тим лидерите во креирањето и развојот на иновативниот невро баланс програм на Здружението за дислексија Ајнштајн наменет за учениците со специфични тешкотии во учењето.