Некои од најголемите имиња во филмската, музичката и спортската индустрија се луѓе кои се соочиле со големи проблеми во текот на своето образование. Следуваат 10 личности кои се соочувале со потешкотии во учењето, но ја пронашле својата  страст во животот и успеале да ги истакнат своите таленти и успешно да ги надминат овие проблеми.

Whoopi-Goldberg-Kickstarter

Whoopi Goldberg (дислексија)

Многу одамна пред да и биде откриена дислексијата, нејзините школски другари ја нарекувале глупава. Но таа ја добивала потребната поддршка од својата мајка која ја охрабрувала да не ги слуша останатите што зборуваат за неа и дека во животот ќе многу успешна во тоа што таа сака да го работи. Голдберг верувала во себеси и се стремела кон филмската индустрија. Токму таа е една од ретките актерки која има добиено многу од престижните награди како Греми, Еми и многу награди од “Academy award”.

15-02-27_FOX_FRANK_1016302b

Daniel Radcliffe (диспраксија)

Познатиот магионичар Хари Потер има диспраксија. И ден денеска тој има проблеми со врзувањето на своите чевли, а неговиот ракопис се уште претставува предизвик за тие кои што го читаат, но и тој самиот не може да си го разбере ракописот. На возраст од 9 години неговата мајка го охрабрувала да се пријави на филмска аудиција со цел да си ја зголеми својата самодоверба и можеме да заклучиме дека била потполно во право. Денеска Редклиф е многу успешен во својата професија и покрај големите потешкотии со кои се соочувал во училиште.

Best Director nominee Steven Spielberg arrives on the red carpet for the 85th Annual Academy Awards on February 24, 2013 in Hollywood, California. AFP PHOTO/FREDERIC J. BROWN (Photo credit should read FREDERIC J. BROWN/AFP/Getty Images)

Steven Spielberg (дислексија)

Легендарниот режисер Стивен Спилберг е дијагностициран со дислексија на 60 годишна возраст. Тој бил малтретиран од страна на своите ученици, токму овие случувања играат важен дел во градењето на неговата кариера. Своите лични искуства во училиштето му помогнале да го напише филмскиот хит “The Goonies”, филм за група на ученици кои не успеваат да се вклопат во училиштето. Тој има изјавено “дијагностицирањето на мојата дислексија на 60 годишна возраст беше последното парче од мозаикот на големата мистерија која ја чував долго во себе”.

Justin-Timberlake-baby-thatgrapejuice-600x470

Justin Timberlake (АДХД)

Џастин во својот живот има повеќе улоги. Тој е музички артист, актер, композитор и претприемач. Тој е еден од многуте луѓе дијагностицирани со недостаток на внимание проследен со хиперактивност или накратко АДХД.

LOS ANGELES, CA - JULY 06: Actor Henry Winkler arrives at the premiere of "The Zookeeper" at the Regency Village Theatre on July 6, 2011 in Los Angeles, California. (Photo by Michael Buckner/Getty Images)

Henry Winkler (дислексија и дискалкулија)

Хенри Винклер е актер, режисер и автор кој има дислексија и дискалкулија. Тој е режисер на познатата детска серија “Hank Zipzer” во која што малиот Хенк има проблеми со учењето, но тоа не му претставува проблем да ги оствари своите соништа. Винклер исто така има свои предавања во повеќе училишта на кои што зборува за потешкотиите во учењето. Во чест на својата работа во едукативната сфера, тој е одликуван со медал од Британската кралица Елизабета.

05112016 AC360

Anderson Cooper (дислексија)

Презентерот на СNN вестите Андерсон Купер не дозволил неговата дислексија да застане на патот до неговиот успех. Тој исто така не дозволил проблемите со читањето да ја спречат неговата љубов кон книгите и литературата. Тој е автор на повеќе книги кои се на врвот на листата на најпродавани изданија според New York Times.

Swimming: Michael Phelps portrait and training USOC Training Center/Colorado Springs, CO, USA 11/5/2015 X160116 TK1 Credit: Simon Bruty

Michael Phelps (АДХД)

Пливачот Мајк Фелпс го држи рекордот за најмногу добиени олимписки медали. Тој има АДХД. Мајкл вели “Јас секогаш бев детето што нон-стоп трчаше наоколу и буквално и до ден денеска не можам да седам мирен”. Мајката на Мајкл ја искористила неговата љубов кон пливањето со цел да му помогне во неговото фокусирање.

Actress Keira Knightley, from the film "Anna Karenina", poses for a portrait on Tuesday, Nov. 13, 2012, in Los Angeles. (Photo by Matt Sayles/Invision/AP)

Keira Knightley (дислексија)

Од кога Кира на 6 години е дијагностицирана со дислексија, таа имала големи проблеми со читањето, но ја искористила својата љубов кон глумата за да се мотивира себеси да го надмине овој проблем. Таа се има договорено со своите родители доколку работи на своето читање секојдневно, тие ќе и ангажираат актерски агент. Кира во моментов е една од најдобро платените холивудски актерки.

cher-2013-650-430

Cher (дислексија)

Шер го поседува еден од најпознатите светски гласови. Таа има страдано во училиште поради неоткриени проблеми во учењето. “Не можев да читам брзо и не можев никогаш да ја напишам домашната задача, математиката за мене беше како да се обидува 5 годишно дете да го разбере Санскрит” напиша таа во својата автобиографија “Првиот пат”. Шер не била свесна за својата дислексија се до моментот кога нејзиното дете е дијагностицирано дислексија.

625-jamie-oliver-ians_625x350_51442052297

Jamie Oliver (дислексија)

Најпознатиот светски готвач Џејми Оливер има изградено империја со своите најдобро продавани книги за готвење, ТВ емисии и рецепти. Тој исто така има дислексија и има кажано дека првата книга што ја започнал со читање ја прочитал дури на 38 години.

8a0bd98d923dfbe77466ba6dba7e25c4

Richard Branson (дислексија)

Додека бил во училиште Ричард од страна на своите наставници бил нарекуван глупав. Тој во Washington Post има изјавено дека токму поради неговата дислексија ја има изградено неговата бизнис империја. За најголема предност во својот бизнис ја смета дислексијата. Тој е основач и сопственик на една од најпрофитабилните светски авио-компании “Virgin”.

Пишува: Д.Н

(Текстот е напишан од страна на личност со дислексија и токму затоа можна е голема појава на граматички грешки 🙂 )