Почитувани,

Здружението Ајнштајн ја има честа да ве покани на јавна трибина на тема “Исклучи телефон, вклучи внимание!” , која ќе се одржи на 28ми јуни во Јавна соба (public room) со почеток во 18.00 часот.
На оваа трибина, во опуштена атмосфера, ќе ги слушнете мислењата и искуствата од пракса на неколку истакнати експерти за влијанието кое го имаат современите технологии врз развојот на децата.

Свои говори на оваа трибина ќе имаат:
– Проф. д-р. Славица Арсова психијатар – Универзитетска клиника за психијатрија

– Татјана Алексиќ – Професор по Македонски јазик и литература во СУГС “Раде Јовчевски Корчагин”

– Проф. д-р. Оливера Рашиќ Цаневска – Институт за специјална едукација и рехабилитација при УКИМ

– М-р Бранка Бугариска – Директорка на издаваштво во “Арс Ламина”

– Бојана Стојменовиќ – психолог Основач на “Мој психолог”

– Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми

– Др.сц. Силвана Филипова – Директорка на Завод за рехаблитација на слух говор и глас

Сите присутни ќе имаат можност да постават прашања и да добијат одговори, но и да ги искажат своите мислења и ставови во однос на влијанието на модерната технологија врз општеството.

Сите заинтересирани своето присуство треба да го најават на следниот линк https://forms.gle/bo1xWLXM4tZYyj2F9 најдоцна до 27.06.2019 година.

Бројот на учесници е ограничен!

eu

Оваа јавна трибина ќе се одржи како дел од проектот “Вклучи внимание” реализиран од Здружението “Ајнштајн” кој е дел од проектот “Правна помош за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански огранизации” финансиран од Европската унија.