За нас

Кои сме ние и која е нашата цел, мисија и визија

Здружението за дислексија Ајнштајн е непрофитна организација формирана во Декември 2013 година од родители на деца со дислексија и лица со дислексија.

Идејата за формирање на здружението произлезе пред се од недостигот на информации за дислексијата. Барајќи решение и помош за тешкотиите со читање кај своите деца родителите се соочија со , неинформираност на институциите и недоволна стручност кај просветните работници.

Ние постoиме со цел да помогнеме на илјадници лица кои се соочуваат со проблемот дислексија и истата да ја актуелизираме во нашата држава.

Нашата мисија е:

Ајнштајн е Здружение на граѓани чија што цел е подигнување на јавната свест за дислексијата кај образовните институции, родителите , релевантните институции како и кај пошироката јавност. Ајнштајн ги остварува своите цели преку информирање, едукација, дискусија, соработка и поддршка за сите оние кои се засегнати од оваа проблематика и пошироко.

Z
|

Нашата визија е:

Подобрување и олеснување на процесот на образование на учениците со дислексија како и потпомагање во воведување на соодветен и подобрен образовен систем . Здружението се залага за зголемување на бројот на своите членови за добивање подобри и поквалитетни човечки ресурси кои понатаму ќе можат да се надградуваат се со цел стекнување на поширок соодветно експертен кадар за обработка на состојбата наречена дислексија. Нашата визија неизбежно опфаќа создавање на општество кое ќе има капацитет да ги исполни сите барања и потреби на лицата со дислексија и да се приклучи на земјите кои веќе 70 години активно развиваат техники и методи за работа за овие лица настојувајќи истите да го пронајдат и истакнат својот талент.