Не ја спомнувам мојата дислексија од неколку причини, а една од главните е тоа што сеуште го слушам она “ааа… значи глупава си”. Ми се случувало дури да ми кажат дека ја користам дислексијата како изговор за мојата мрзеливост. Кога се обидувам  да ја објаснам причината зошто имам потешкотии со некои работи, луѓето почнуваат да се однесуваат со мене како да сум “заостаната”.

Но, денеска сакам да се обидам да зборувам за мојата дислексија.
Повеќето од моите проблеми поврзани со дислексијата започнаа кога тргнав на училиште. До тогаш учењето ми претставуваше задоволство. Но, кога за прв пат се сретнав со математиката и читањето на глас, знаев дека тоа ке претставува огромен проблем. Се почесто имав главоболки и често отсуствував од училиште. Тогаш се уште не знаев (а, не знаеја ниту моите родители ниту наставниците) дека имам дислексија (што значи дека мојот начин на учење е преку слики а, не преку зборови). Знам дека тоа не значи дека сум глупава, неинтелигентна или “ментално заостаната”, како што многу луѓе ми викаат.
Работите почнаа да се влошуваат и секој пат кога требаше да решавам математика или било каков тест, добивав панични напади. Освен тоа, цело време бев под стрес само при помислата дека треба да се социјализирам и да зборувам со моите врсници.
И покрај тоа што со часови се терав да читам и се обидував да за го разберам веќе прочитаното, мојот мозок едноставно одбиваше да ги прима информациите. Тогаш почнав да се соочувам и со социјална анксиозност (мразев да ги гледам луѓето во очи). И ден денеска сеуште имам потешкотии со истото.
Моите родители ме охрабруваа за читањето, така што секогаш ми купуваа книги со помалку текст а повеќе слики кој што ги објаснуваа зборовите. Бев интровертна, склона кон панични напади и често ми се случуваше да ми требаат неколку минути за да процесирам и одговорам дури и на едноставни прашања.
Кога имав 16 години, приjателка на мајка ми откри дека се работи за дислексија. Почнав да истражувам и да читам за дислексијата и конечно сфатив зошто работите кои што се толку едноставни за другите, се толку тешки за мене.  По една година започнав да работам со една пријателка на мајка ми која беше овластен тренер по една од методите за третирање на дислексијата.
Денеска се уште имам потешкотии со спелување и математика, но немам проблем со плаќање сметки и пари, затоа што можам да ги визуелизирам парите.  Ми требаше повеќе од 3 години напорна работа на себе, за да се ослободам од стравовите и да почнам да се социјализирам.

Н.Т