ДИСЛЕКСИЈА – предизвик за децата и родителите!

Честите грешки во читањето, пишувањето, и генерално во училишните активности, кои најчесто се прилагодени на останатите деца во одделението, прават децата со дислексија да не се чувствуваат рамноправно со другите деца во одделението. Тоа доведува до фрустрација и чувство на инфериорност кога се споредуваат со другите деца. Ако тоа трае подолг временски период, тие започнуваат да се перцепираат самите во негативно светло. Затоа е важно на децата да им се помогне да сфатат дека дислексијата не е негативна карактеристика, и треба да им се објасни дека тоа не е болест, туку едноставно дека нивниот мозок работи на поразличен креативен начин.

Разговарајте со вашето дете на темата дека ниеден човек не може да биде способен за секоја задача или вештина и дека сите луѓе имаат одредени способности и слабости. Давајте им примери на други дислексични лица кои станале славни и успешни во одредени сфери и покрај нивната дислексија.

Секогаш потенцирајте ги нивните способности, и имајте разбирање и поддршка во работата со нивните предизвици!

 

 

 

Пишува М-р Катерина Димова, специјален едукатор и рехабилитатор, семеен системски советник

damjanfinal21
Share
This