Прв транснационален состанок во рамки на проектот DysCourse
- By damjanfinal21
- In Проекти
- Posted March 10, 2021

Прв транснационален состанок во рамки на проектот DysCourse
Во периодот од 8-ми март до 9-ти март е одржа првиот транснационален состанок во рамки на проектот „Dyslexia online teaching courses – DysCourse”
Првиот состанок се одржа онлајн на платформата ZOOM поради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19. На истиот по еден претставник од секоја организација пред останатите ја претставуваше својата организација, а Дамјан Николовски како проектен координатор од Здружението Ајнштајн ги претстави сите проектни цели, активности како и резултатите кои е потребно да се постигнат во рамки на овој проектот.
Главната цел на проектот DYSCOURSE е создавање на онлајн платформа која ќе содржи курсеви со различни стратегии и методи за работа со учениците со дислексија. Целта на проектот ќе се постигне преку реализирање на три интелектуални аутпути со транснационална соработка на експерти од областа на дислексијата и специфичните тешкотии во учењето. E-learning е метод на учење кој овозможува зголемување на знаењата секогаш и секаде во било кое време за разлика од класичниот начин на учење. Самата платформа покрај курсот „Дислексија: основи идентификација и поддршка„ ќе содржи голем број на видеа, алатки, стратегии и информативни постови за дислексија кои ќе им овозможат на корисниците дополнително да ги прошират своите видици за дислексија се со цел да помогнат на учениците со дислексија.
Кординатор на проектот е Здружението за дислексија Ајнштајн, а партнери на истиот се Latvijas Disleksijas biedrība /ICT – students with dyslexia and dysgraphia , Galileo Progetti Nonprofit Kft. и Centro Studi Villa Montesca.
Проектот е во времетраење од 20 месеци започнувајќи од јануари 2020 година.
Проектот „DysCourse – курсеви за онлајн настава за дислексија“ е финансиран со поддршка од Европската комисија преку Еразмус плус програмата.