Како да ги препознаеме лицата со дислексија?
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија
- Posted April 5, 2021

Заеднички карактеристики на дислексичарите според Рон Дејвис
Најлесниот начин за да ги препознавме лицата со дислексија е доколку ги утврдиме нивните најчести заеднички карактеристики. Според методот на Рон Дејвис, лицата со дислексија ќе покажуваат барем 10 од следниве карактеристики и однесувања. Овие карактеристики може да се разликуваат од ден за ден или од минута до минута. Постојано нешто за дислексичарите е нивната непостојаност. Важно е да се нагласи дека секој дислексичар ќе поседува различни карактеристики, токму затоа и најчесто се вели дека не можат да се најдат двајца исти дислексичари.
Општи карактеристики
- Изгледаат бистри, високоинтелигентни, и артикулирани, но не можат да читаат, пишуваат, или да читаат и пишуваат несоодветно за возраста;
- Етикетирани се како мрзливи, незаинтересирани, безгрижни, незрели, „не се труди доволно“, „има проблематично однесување“;
- Не се „доволно лоши со учењето“ за да се согледа дека им е потребна дополнителна помош;
- Имаат висок IQ, кој најчесто не може да се покаже на тестови;
- Се чувствуваат безвредни и глупави и имаат слаба самодоверба; ги кријат или прикриваат слабостите со генијални стратегии, поради што нивните тешкотии ретко кој може да ги забележи;
- Лесно се нервираат и емотивно реагираат во училиштето при читање или тестирање;
- Талентирани се во уметност, драма, музика, спорт, механика, раскажување, продажба, бизнис, проектирање, изградба или инженеринг;
- Се чини дека „не се присутни“ и мечтаењето е многу често;
- Тешкотии со одржување на вниманието; се чини дека се „хиперактивни“ или „мечтатели“;
- Најдобро учат преку активности во кои се вклучени со свое делување, демонстрации, експериментирање, набљудување и визуелни помагала.
Визуелни способности, читање и правопис
- Се жалат на вртоглавица, главоболки или болки во стомакот за време на читањето;
- Збунети се од букви, броеви, зборови, секвенци или усно објаснување;
- При читање или пишување се појавуваат: повторувања, дополнувања, преместувања, испуштање букви или броеви, заменување на една буква со друга, превртување на букви, бројки и / или зборови;
- Се жалат дека имаат чувство на движење, кое не постои за време на читањето, пишувањето или препишувањето;
- Се чини дека имаат тешкотии со видот, но испитувањата на видот не покажуваат проблеми;
- Поседуваат силна свесност за опкружувањето и силна моќ за перцепција – забележуваат сè околу себе;
- Читаат и препрочитуваат со малку разбирање.
Слух и говор
- Лесно стануваат расеани од надворешни звуци;
- Имаат екстремно изострен слух и можат да слушаат звуци што другите вообичаено не можат да ги слушнат;
- Имаат тешкотии со преточување на мислите во зборови;
- Зборуваат со запирање и најчесто употребуваат фрази;
- Не ги довршуваат речениците кога зборуваат;
- Може да пелтечат под стрес;
- Не можат да изговорат долги зборови;
- Ги заменуваат фразите, зборовите и слоговите кога зборуваат.
Пишување и моторни вештини
- Имаат тешкотии со пишување или препишување;
- Моливот го држат необично;
- Ракописот им е непостојан или неразбирлив;
- Може да изгледаат „трапави“ и некоординирани;
- Тешко се снаоѓаат во спортови со топка;
- Подложни се на болки при движење;
- Може да бидат амбидекстери, односно подеднакво да работат со левата и десната рака;
- Често се збунуваат за насоки лево – десно или положби под – над, од – до, напред –назад, пред – потоа.
Математика и управување со времето
- Имаат тешкотии со кажување и управување на времето;
- Имаат тешкотии со учење последователни информации или задачи;
- Покажуваат зависност од броење на прсти и применуваат други трикови несоодветно за возраста;
- Може да ги знаат одговорите, но не можат да го претстават проблемот на хартија;
- Можат да пресметуваат, а сепак, да имаат потешкотии при броење предмети или пари;
- Може да не ги разбираат основните математички концепти: собирање, одземање, множење и делење.
Меморија и способност за учење
- Имаат одлична и долгорочна меморија за искуствата, локациите и лицата;
- Имаат слаба меморија за секвенци, факти и за информации што не ги доживеале искуствено;
- Мислат првенствено со слики и чувства, а не со звуци или зборови (имаат многу малку внатрешен дијалог).
Однесување, здравје и развој и личноста
- Исклучително се неуредни или компулсивно уредени;
- Може да бидат одделенски кловнови, екстремно проблематични, или премногу тивки;
- Може да имаат невообичаено рана или доцна фаза на развој (зборување, ползење, одење, врзување чевли);
- Подложни се на инфекции на уво; чувствителни се на храна, адитиви и хемиски производи;
- Може да имаат неконтролирано мокрење несоодветно за возраста;
- Имаат невообичаено висока или ниска толеранција за болка (две крајности);
- Имаат силно чувство за правда; емоционално чувствителни; се стремат кон совршенство;
- Грешките и симптомите на збунетост драстично се зголемуваат при ограничување на времето за одредена активност, емоционален стрес или лоша здравствена состојба.
Дислексичните деца и возрасни може да станат страсни и ентузијастички читатели кога ќе им се дадат алатки за учење што се вклопуваат во нивниот креативен стил на учење.
Доколку забележите дел од овие карактеристики кај себе или пак кај вашите деца, побарајте соодветна поддршка во нашиот центар на телефонскиот број 075 333 819.
Пишува: Славица Тасевска Николовска – Лиценциран тренер за корекција на дислексија, дисграфија, дискалкулија и АДХД/АДД по методот на Рон Дејвис во Едукативно терапевтскиот центар Ајнштајн.