Вебинар “Инклузивно образование за учениците со интелектуална попреченост”
- By damjanfinal21
- In Настани
- Posted April 19, 2021

“Инклузивно образование за учениците со интелектуална попреченост ”
Почитувани со задоволство ве покануваме на вебинарот “Инклузивно образование за учениците со интелектуална попреченост ”.
Вебинарот ќе се одржи на 15-ти мај (сабота), со почеток во 10 часот преку платформата ZOOM.
Низ вебинарот ќе не води еден од најистакнатите професори од областа на специјална едукација и рехабилитација проф. д-р Горан Ајдински од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет Скопје.
Вебинарот ќе биде поделен на три сесии и тоа :
Сесија 1
- Дефинирање на поимот интелектуална попреченост со фокус на социјалната адаптација. Класификација и распространетост на интелектуалната попреченост.
- Едукацијата на учениците со интелектуална попреченост во посебните и редовните основни училишта.
Сесија 2
- Карактеристики на учениците со интелектуална попреченост со посебен осврт на емоциите, памтењето, мислењето, вниманието, однесувањето, играта и сл.
- Прилагодување на планот и програмот за работа кон можностите на учениците кои ги имаат потешкотиите врз основа на нивните карактеристики и самата процена од инклузивниот тим.
- Улога на наставникот, специјалниот едукатор (дефектолог) и стручниот/инклузивен тим во процесот на едукацијата на учениците со интелектуална попреченост.
Сесија 3
- Работа со родителите на учениците со интелектуална попреченост
- Соработка со стручните служби надвор од училиштето.
- Прашања и дискусија за посочената проблематика.
Интелектуалната попреченост претставува најтежок и најгорлив проблем во инклузивното образование не само поради самата тежина и специфичност на проблемот туку и поради неговата се поголема распространетост во образованиот систем како најчеста попреченост воопшто.
Затоа и целта на оваа обука односно вебинар е наставниците и стручните служби да добијат основни и неопходни информации и инструкции за карактеристиките, едукацијата, индивидуалната работа и третманот на учениците со интелектуална попреченост. Посебен акцент ќе се стави на улогата на наставникот и стручниот тим ( специјалниот едукатор и рахабилитатор, педагог и психолог) во текот на самата едукацијата.
Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 часа со кратки паузи помеѓу секоја сесија.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк https://forms.gle/chyM1iA9oeygQpE49 , по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата. Доколку пораката не ја добиете во фолдерот Inbox ве молиме да ги проверите фолдерите SPAM или JUNK.
Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 599 денари, за сите активни членови во Здружението Ајнштајн котизацијата изнесува 479 денари. Уплатата на котизацијата се извршува преку уплатница во банка или електронски преку ПП30 уплатница, исто така уплатата на котизацијата може да се изврши и преку фактура.
Последен предвиден рок за уплата на котизацијата е 12-ти мај
Биографија на обучувачот Проф. д-р Горан Ајдински
Проф. д-р Горан Ајдински е роден на ден 13. VI 1968 год. во Скопје. Основно и средно медицинско училиште има завршено во Скопје. По отслужувањето на воениот рок, се запишал на Дефектолошкиот факултет – група ментална ретардација на Универзитетот во Белград (учебна 1988/89). Дипломирал на Дефектолошкиот факултет во Белград на 1. XI 1992 год. Истата година се запишал на последипломски студии на групата за ментална ретардација, а ги завршил со одбрана на магистерска работа под наслов „Рано откривање, дијагноза и третман како претпоставка за успешна рехабилитација на ментално ретардираните лица“ на 16. XII 1994 год. и се стекнал со научен степен магистер по дефектолошки науки.
Во периодот 1993-1995 работел како наставник во ПОУ „Д-р Златан Сремац“ за ученици со лесни пречки во психичкиот развој, во Скопје.
Во почетокот на 1995 година бил избран и се вработил како помлад асистент на студиите по дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во текот на 1996 година бил избран во звањето асистент (по предметите Структурална дефектологија и Методика на ран третман и предучилишно воспитание на децата со пречки во развојот). Докторската дисертација под наслов „Карактеристики во развојот на лесно ментално ретардираните ученици во однос на постигнатиот успех на училиште“ ја одбрани на ден 13. VI 1998 год. на Дефектолошкиот факултет во Белград и се стекнал со научен степен доктор по дефектолошки науки.
Во звањето доцент е избран во текот на месец февруари 1999 година по предметите Структурална дефектологија и Дефектолошка дијагностика. Во декември 2003 година е избран во звањето вонреден професор по предметите Основи на дефектологија, Структурална дефектологија и Дефектолошка дијагностика. Во ноември 2008 е избран во звањето редовен професор по научните области: општа дефектологија, олиогофренологија и дефектолошка дијагностика.
Во периодот 2001-2005 година бил раководител на Институтот за дефектологија.
Во периодот 2005-2009 година бил раководител на Советот на последипломски студии на Институтот за дефектологија.
Во периодот 2009-2017 година ја вршеше функцијата Декан на Филозофскиот факултет во Скопје.
Добитник е на државната награда „Св. Климент Охридски„ 8 декември 2015, во областа на образованието.
Член е на комисијата за меѓународна соработка на Филозофскиот факултет. Го зборува англискиот јазик.
Истражувачки интереси: процена од областа на специјалната едукација и рехабилитација, инклузивно образование, специфични тешкотии во учењето.
За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885
Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН