5 најбогати претприемачи кои се соочуваат со дислексија
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија
- Posted October 20, 2021

5 најбогати претприемачи кои се соочуваат со дислексија
Октомври е интернационален месец за подигнување на јавната свест за дислексија, токму од таа причина одлучивме да ви ги претставиме едни од најуспешните претприемачи кои се соочуваат со дислексија.
Како што и во повеќе наврати сме споменале, дислексијата како состојба нуди огромни предности кои пред се произлегуваат од сликовитиот начин на размислување или како што господинот Ричард Бренсон вели дислексичниот начин на размислување.
Општо е познато дека дислексичарите речиси секогаш ја гледаат големата слика, наспроти деталите, токму оваа особина им овозможува да бидат навистина успешни претприемачи, иноватори и бизнисмени. Постојат многу голем дел од претприемачите кои се дислексичари и кои тврдат дека токму тоа што се дислексичари им помогнало во животот да бидат тоа што се.
Одлучивме овој пат да ви ги претставиме 5-те најбогати претприемачи кои се соочуваат со дислексија.
-
Ingvar Kamprad – IKEA (58.700.000.000 Американски долари)
Дали некогаш сте се запрашале како ИКЕА ги измислиле уникатните шведски имиња за целиот свој асортиман на производ? Токму имињата на производите се резултат на генијалниот основач на компанијата Ингвар Кампрад, кој има дислексија.
Оригиналниот бизнис за мебел на Кампрад започнал како бизнис за продажба на мебел по пошта. Повеќето од неговите производи можеле да се идентификуваат со множество броеви, но Кампрад имал проблеми да ги запомни кодовите за секој производ, поради фактот што имал дислексија.
Така, наместо да ги делегира тие одговорности на друго лице и да го избегне проблемот, тој ја искористил дислексијата во своја полза со измислување на покреативен систем за организирање на неговите производи. Ова се покажа како најиконскиот аспект на неговиот сега светски мега бизнис.
Кампрад создал систем за именување на производите каде што давал имиња на секое парче мебел. На пример, на големиот мебел му се давале имиња на шведски места, столчињата и масите имаат машки имиња, а градинарскиот мебел е именуван по шведските острови. Овој систем бил полесен за Кампрад да го запамети и визуелизира секој производ, бидејќи повеќето од имињата биле од места кои му биле познати.
Денеска, ИКЕА е една од најголемите продавници за мебел во светот и е многу добро позната токму по своите уникатни имиња на производи.
-
Charles Schwab – Charles Schwab Corporation (10.600.000.000 Американски долари)
Барате иновативен ум? Неверојатно успешен бизнис план? Ново преземање на финансискиот пазар? Не гледајте подалеку од Чарлс Шваб, основач, претседател и извршен директор на корпорацијата Чарлс Шваб, која им помогна на милиони луѓе да управуваат со своите пари преку инвестиции и други банкарски и финансиски услуги.
Во 1971 година, Шваб ја започнал својата прва брокерска канцеларија со верување дека берзата треба да биде отворена за секого (што во тоа време и не било така). Да, тоа беше сосема алтернативен концепт; но, повторно, тоа беше токму она што би го сонувал секој типичен дислексичар кој што размислува “Out of the box” како Шваб. Токму и дислаксичниот начин на размислување му помага неговата компанијата се повеќе да расте и да биде една од најуспешните компании во областа на финансиите. Во суштина, Чарлс Шваб не само што создал исклучително успешна компанија, туку и направил револуција во финансиската индустрија.
Зад сите овие неверојатни достигнувања и иновации стои срамежлив, но сепак шармантен, оптимистички и истакнат човек, сега во своите 70 -ти години, кој се соочувал како што повеќе ја нарекуваат скриен недостаток дислексија. И покрај тоа што често имал екстремни тешкотии да запишува белешки на часови, сериозни проблеми по предметот мајчин јазик и се борел со учењето странски јазици, Шваб немала име за неговата попреченост или недостаток се додека неговиот син не бел дијагностициран со дислексија во 1980 -тите. Потоа ги видел двете страни на борбата со дислексијата – од една страна, неговите лични предизвици во борбата со дислексија; и, другата страна, заедничкиот предизвик со неговата сопруга да му ја понудат потребната поддршка и услови неговиот син да ги оствари своите соништа, да учи во училиште и да има здрава самодоверба.
Токму дислексијата на неговиот син е причина заедно со сопругата да преземат одредени чекори со цел да им помогнат на илјадниците деца кои се соочуваат со оваа состојба. “Нашата семејна приказна поврзана со дислексијата не наведе да заклучиме дека креирањето на ресурсен центар ќе им помогне на останатите родители подобро да ја разберат дислексија и да им помогнат на своите деца” изјавил брачниот пар Шваб во 1999 година за Стенфорд магазинот. “Преку ресурсниот центар родителите ќе можат да научат како да ги заштитат и застапуваат своите деца. Не смееме да дозволиме работите да се случат сами по себе, затоа што на тој начин нашите деца можат да го изгубат својот пат” – изјавиле тие.
Токму поради тоа семејството Шбав ја формираат организацијата Schwab Learning во форма на ресурсен центар кој ќе им помогне на родители на деца со дислексија.
-
Steve Jobs – Apple (10,200,000,000 американски долари)
Листата ја започнуваме со Стив Џобс легендарниот извршен директор на компанијата Apple и креаторот на еден од најпопуларните производи и сон на секој тинејџер Iphone.
Џобс навистина се соочувал со големи потешкотии во текот на образовниот процес. Почнувајќи од раните училишни денови па се до колеџот каде што се запишал и се откажал по само еден семестар. Тој едноставно не го сакал училиштето бидејќи не верувал дека тоа ќе има практична примена во неговиот живот.
Но, не завршувањето на високото образование не го спречило да ја создаде една од најиновативните технолошки компании во светот. Џобс искористил дел од од стекнатот формално образование за да ги создаде најголем дел од производите на Apple, но најмногу од се го користел личното животно искуство.
Тој секогаш се водел од мислата дека без разлика што се случува во вашиот живот – страдање во училиште или неуспешен пат во кариерата – секој несупех и борба некако ќе ви помогне да го најдете вистинскиот пат.
Во 2003-та година на Џобс му е дијагностициран рак на панкреасот, но успева успешно да се избори со болеста, потоа му следат уште низа на болести и нарушувања на здравјето, по што на 5-ти октомври 2011 година го напушта овој свет.
Светските медиуми велат дека човекот со црна ролка и џинс Стив Џобс ќе остане засекогаш запаметен како еден од најиновативните претприемачи на 21-виот век.
-
Richard Branson – Virgin (6.000.000.000 американски долари)
Ричард Бренсон е еден од оние претприемачи кој се вбројува помеѓу најголемите и највлијателните застапници за првата на лицата со дислексија. Како дислексичар, неговата животна приказна дава моќ и предизвикува стравопочит. Тој го напуштил средното училиште на 15-годишна возраст поради проблемите со кои се соочувал во совладувањето на наставниот материјал и проблемите со читањето предизвикани од дислексијата. Кратко потоа тој станува светски познат милијардер инвеститор, деловен магнат, автор и филантроп.
Како син на шанкер и стјуардеса, Бренсон никогаш не завршил средно училиште, но успешно го развил својот бизнис – почнал со продажба на списанија и музички плочи и стигнал до изградба на вселенски бродови. Факт е дека во животот бил воден од генијални, авантуристички идеи.
Бренсон има 50-годишна кариера. Во моментов, под контрола на овој 70-годишен претприемач се 400 компании кои се занимаваат со разни активности, а неговото богатство се проценува на 6 милијарди долари.
Тој е основач на голем број светски успешни компании, неговиот почеток е со формирањето на компанијата Virgin Records (Virgin Megastores), потоа да ја основа една од најпрепознатливите авиокомпании во светот Virgin Atlantic и во 2004 година ја основа корпорацијата за вселенски летови Virgin Galactic . Токму оваа година преку оваа компанија Бренсон го реализираше првиот туристички лет во веселената.
Неговата хуманитарна организација – Made by dyslexia, има спроведено истражување преку кое е дојдено до податок дека само 3 проценти од испитаниците ја сметаат дислексијата како позитивна особина кај луѓето.
„Време е да се променат стигмите околу дислексијата“, изјави тој. „Дислексијата не е недостаток, туку само различен начин на размислување.“
„Откога го напуштив училиштето и анархистичките училишни практики и предрасуди, мојот ум се отвори. Надвор, во реалниот свет, мојата дислексија стана масивна предност: ми помогна да размислувам креативно и да гледам решение онаму каде што сите гледаа проблем.“
Тој вели: „За да ги смениме перцепциите за дислексијата, мораме да покажеме и докажеме дека дислексичарите можат да постигнат многу, а со тоа ќе направиме младите луѓе со дислексија да не се откажуваат уште пред да почнат.“
-
Kerry Packer – Nine network(6.500.000.000 американски долари)
Всушност дедото на Кери, Роберт Клајд Пакер, е тој кој ја започнал медиумската империја. А Кери е тој кој што успеал оваа империја да ја воздигне кон врвовите.
Кери има навистина тешко детство, пред се поради фактот што растел за време на втората светска војна. Додека трае војната тој се разболел од детска парализа и пневмонска треска, по што цели две години биле потребни за неговата рехабилитација.
Радиодифузерот Филип Адамс, доверлив човек на Пакер во 1970 -тите и 80 -тите години, се сеќава: „Тој никогаш не зборуваше многу за својата мајка, освен што истакна дека ниту мајката ниту тато немале многу време да го посетат кога страдал од детска парализа.„
Токму парализата му влијаела на неговата несигурност пред се поради фактот што половина од неговото лице било вкочането.
Во едно интервју во 1978 година, Пакер се потсетил дека кога се вратил на училиште во Сиднеј, тој бил толку зад другите деца, што станал пример да потсмев помеѓу учениците. Тој призна дека ова придонело уште повеќе кон создавањето на лоша слика за себе си и уште поголема несигурност. Дислексијата пак била јаготка на шлагот во неговиот живот, поради проблемите со читањето тој станал уште поголема мета на потсмев.
Покрај овие проблеми Кери имал сериозни проблеми и со својот татко кој од секогаш велел дека неговиот син е идиот и дека никогаш нема да биде успешен во животот.
Но Кери ја добива неговата прва можност во 1972 година кога тој и Ита Батроус го создадоа списанието Cleo. Таткото на Кери никогаш не верувал во проектот, но се токму Cleo доживеал огромен успех и бил најпродаваниот магазин на сите времиња во Австралија. Токму со ова Кери конечно ја стекнал довербата на својот татко, од кого ја наследил компанијата 18 месеци подоцна, веднаш по неговото починување.
Вендаш потоа тој ја шири својата бизнис мрежа и покрај медиумската империја се посветува на крикетот и емитувањето на истиот на телевизиските мрежи во Австралија со што успеал да го направи крикетот да биде најгледаниот спорт на овој континент.
Кери покрај огромното богатство кое го поседувал ќе остане запаметен како еден од луѓето кои имале најголемо влијание на Австралискиот континент.

5 најбогати претприемачи кои се соочуваат со дислексија
Октомври е интернационален месец за подигнување на јавната свест за дислексија, токму од таа причина одлучивме да ви ги претставиме едни од најуспешните претприемачи кои се соочуваат со дислексија.
Како што и во повеќе наврати сме споменале, дислексијата како состојба нуди огромни предности кои пред се произлегуваат од сликовитиот начин на размислување или како што господинот Ричард Бренсон вели дислексичниот начин на размислување.
Општо е познато дека дислексичарите речиси секогаш ја гледаат големата слика, наспроти деталите, токму оваа особина им овозможува да бидат навистина успешни претприемачи, иноватори и бизнисмени. Постојат многу голем дел од претприемачите кои се дислексичари и кои тврдат дека токму тоа што се дислексичари им помогнало во животот да бидат тоа што се.
Одлучивме овој пат да ви ги претставиме 5-те најбогати претприемачи кои се соочуваат со дислексија.
-
Ingvar Kampard – IKEA (58.700.000.000 Американски долари)
Дали некогаш сте се запрашале како ИКЕА ги измислиле уникатните шведски имиња за целиот свој асортиман на производ? Токму имињата на производите се резултат на генијалниот основач на компанијата Ингвар Кампрад, кој има дислексија.
Оригиналниот бизнис за мебел на Кампрад започнал како бизнис за продажба на мебел по пошта. Повеќето од неговите производи можеле да се идентификуваат со множество броеви, но Кампрад имал проблеми да ги запомни кодовите за секој производ, поради фактот што имал дислексија.
Така, наместо да ги делегира тие одговорности на друго лице и да го избегне проблемот, тој ја искористил дислексијата во своја полза со измислување на покреативен систем за организирање на неговите производи. Ова се покажа како најиконскиот аспект на неговиот сега светски мега бизнис.
Кампрад создал систем за именување на производите каде што давал имиња на секое парче мебел. На пример, на големиот мебел му се давале имиња на шведски места, столчињата и масите имаат машки имиња, а градинарскиот мебел е именуван по шведските острови. Овој систем бил полесен за Кампрад да го запамети и визуелизира секој производ, бидејќи повеќето од имињата биле од места кои му биле познати.
Денеска, ИКЕА е една од најголемите продавници за мебел во светот и е многу добро позната токму по своите уникатни имиња на производи.
- Чарлс Шбав – Charles Schwab Corporation (10.600.000.000 Американски долари)
Барате иновативен ум? Неверојатно успешен бизнис план? Ново преземање на финансискиот пазар? Не гледајте подалеку од Чарлс Шваб, основач, претседател и извршен директор на корпорацијата Чарлс Шваб, која им помогна на милиони луѓе да управуваат со своите пари преку инвестиции и други банкарски и финансиски услуги.
Во 1971 година, Шваб ја започнал својата прва брокерска канцеларија со верување дека берзата треба да биде отворена за секого (што во тоа време и не било така). Да, тоа беше сосема алтернативен концепт; но, повторно, тоа беше токму она што би го сонувал секој типичен дислексичар кој што размислува “Out of the box” како Шваб. Токму и дислаксичниот начин на размислување му помага неговата компанијата се повеќе да расте и да биде една од најуспешните компании во областа на финансиите. Во суштина, Чарлс Шваб не само што создал исклучително успешна компанија, туку и направил револуција во финансиската индустрија.
Зад сите овие неверојатни достигнувања и иновации стои срамежлив, но сепак шармантен, оптимистички и истакнат човек, сега во своите 70 -ти години, кој се соочувал како што повеќе ја нарекуваат скриен недостаток дислексија. И покрај тоа што често имал екстремни тешкотии да запишува белешки на часови, сериозни проблеми по предметот мајчин јазик и се борел со учењето странски јазици, Шваб немала име за неговата попреченост или недостаток се додека неговиот син не бел дијагностициран со дислексија во 1980 -тите. Потоа ги видел двете страни на борбата со дислексијата – од една страна, неговите лични предизвици во борбата со дислексија; и, другата страна, заедничкиот предизвик со неговата сопруга да му ја понудат потребната поддршка и услови неговиот син да ги оствари своите соништа, да учи во училиште и да има здрава самодоверба.
Токму дислексијата на неговиот син е причина заедно со сопругата да преземат одредени чекори со цел да им помогнат на илјадниците деца кои се соочуваат со оваа состојба. “Нашата семејна приказна поврзана со дислексијата не наведе да заклучиме дека креирањето на ресурсен центар ќе им помогне на останатите родители подобро да ја разберат дислексија и да им помогнат на своите деца” изјавил брачниот пар Шваб во 1999 година за Стенфорд магазинот. “Преку ресурсниот центар родителите ќе можат да научат како да ги заштитат и застапуваат своите деца. Не смееме да дозволиме работите да се случат сами по себе, затоа што на тој начин нашите деца можат да го изгубат својот пат” – изјавиле тие.
Токму поради тоа семејството Шбав ја формираат организацијата Schwab Learning во форма на ресурсен центар кој ќе им помогне на родители на деца со дислексија.
- Стив Џобс – Apple (10,200,000,000 американски долари)
Листата ја започнуваме со Стив Џобс легендарниот извршен директор на компанијата Apple и креаторот на еден од најпопуларните производи и сон на секој тинејџер Iphone.
Џобс навистина се соочувал со големи потешкотии во текот на образовниот процес. Почнувајќи од раните училишни денови па се до колеџот каде што се запишал и се откажал по само еден семестар. Тој едноставно не го сакал училиштето бидејќи не верувал дека тоа ќе има практична примена во неговиот живот.
Но, не завршувањето на високото образование не го спречило да ја создаде една од најиновативните технолошки компании во светот. Џобс искористил дел од од стекнатот формално образование за да ги создаде најголем дел од производите на Apple, но најмногу од се го користел личното животно искуство.
Тој секогаш се водел од мислата дека без разлика што се случува во вашиот живот – страдање во училиште или неуспешен пат во кариерата – секој несупех и борба некако ќе ви помогне да го најдете вистинскиот пат.
Во 2003-та година на Џобс му е дијагностициран рак на панкреасот, но успева успешно да се избори со болеста, потоа му следат уште низа на болести и нарушувања на здравјето, по што на 5-ти октомври 2011 година го напушта овој свет.
Светските медиуми велат дека човекот со црна ролка и џинс Стив Џобс ќе остане засекогаш запаметен како еден од најиновативните претприемачи на 21-виот век.
- Ричард Бренсон – Virgin (6.000.000.000 американски долари)
Ричард Бренсон е еден од оние претприемачи кој се вбројува помеѓу најголемите и највлијателните застапници за првата на лицата со дислексија. Како дислексичар, неговата животна приказна дава моќ и предизвикува стравопочит. Тој го напуштил средното училиште на 15-годишна возраст поради проблемите со кои се соочувал во совладувањето на наставниот материјал и проблемите со читањето предизвикани од дислексијата. Кратко потоа тој станува светски познат милијардер инвеститор, деловен магнат, автор и филантроп.
Како син на шанкер и стјуардеса, Бренсон никогаш не завршил средно училиште, но успешно го развил својот бизнис – почнал со продажба на списанија и музички плочи и стигнал до изградба на вселенски бродови. Факт е дека во животот бил воден од генијални, авантуристички идеи.
Бренсон има 50-годишна кариера. Во моментов, под контрола на овој 70-годишен претприемач се 400 компании кои се занимаваат со разни активности, а неговото богатство се проценува на 6 милијарди долари.
Тој е основач на голем број светски успешни компании, неговиот почеток е со формирањето на компанијата Virgin Records (Virgin Megastores), потоа да ја основа една од најпрепознатливите авиокомпании во светот Virgin Atlantic и во 2004 година ја основа корпорацијата за вселенски летови Virgin Galactic . Токму оваа година преку оваа компанија Бренсон го реализираше првиот туристички лет во веселената.
Неговата хуманитарна организација – Made by dyslexia, има спроведено истражување преку кое е дојдено до податок дека само 3 проценти од испитаниците ја сметаат дислексијата како позитивна особина кај луѓето.
„Време е да се променат стигмите околу дислексијата“, изјави тој. „Дислексијата не е недостаток, туку само различен начин на размислување.“
„Откога го напуштив училиштето и анархистичките училишни практики и предрасуди, мојот ум се отвори. Надвор, во реалниот свет, мојата дислексија стана масивна предност: ми помогна да размислувам креативно и да гледам решение онаму каде што сите гледаа проблем.“
Тој вели: „За да ги смениме перцепциите за дислексијата, мораме да покажеме и докажеме дека дислексичарите можат да постигнат многу, а со тоа ќе направиме младите луѓе со дислексија да не се откажуваат уште пред да почнат.“
- Кери Пакер – Nine network(6.500.000.000 американски долари)