Првиот Кириличен фонт за дислексија DyslexicFZF е достапен СЕГА
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија, Проекти
- Posted October 20, 2021

DyslexicFZF - Кириличен фонт за дислексија
Превземете го DyslexicFZF фонтот ТУКА
Основната цел на кириличниот фонт DyslexicFZF е да го олесни читањето кај лицата со дислексија, а со неговата употреба самиот процес на читање станува потечен и се намалува бројот на грешки. бидејќи Dyslexic FZF го прикажува текстот на начин поприфатлив за лицата со тешкотии во читањето. Новиот фонт за дислексичари е првата алатка од пакетот асистивна технологија во нашата држава. Технологијата како решение за помош на лицата со потешкотии во учењето во светот се користи многу одамна, а кај нас е во зачеток.
Според м-р Маја Филиповска од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот Факултет, DyslexicFZF е иновативен фонт, различен од сите други, бидејќи содржи голем број на типографски параметри, кои заедно прават да се зголеми читливоста на текстовите. Бил создаден откако се воочила потребата од поголема достапност на текстуалните содржини за студентите кои имаат тешкотии во читањето, а го изработил типографот Ласко Џуровски.
„Сите букви од македонската азбука, како и нумеричките и интерпункциските знаци се специфично изработени, но главните карактеристики кои најголемиот број од останатите фонтовите не ги поседуваат се задебелувањето на основата на секој карактер, зголемената димензија на карактерите и зголемениот проред. Со оглед на тоа што постои нагласен сооднос помеѓу задебелените и потенките делови, фонтот поседува поизразен контраст, овозможува полесно следење на редовите во текстот, како и подобра ориентација во просторот за читање. Посебен акцент е ставен на зголемувањето на дистинктивноста на буквите преку зголемување на отворите на алфабетските знаци и закосувањата на основните вертикални и хоризонтални линии со цел избегнување на мешање на графемите кои слично изгледаат“, објаснува Филиповска.
DyslexicFZF нуди брзо и едноставно конвертирање на компјутерски текстуални содржини и печатење материјали во фонт кој е визуелно поприфатлив за дислексичарите. Фонтот би можел да има примена секаде каде што ќе им треба на овие лица, во училиште или на факултет, на работа или во други ситуации кога за тоа ќе се укаже потреба.
Создавањето на инклузивно општество за лицата со дислексија е цел и на нашата земја, а во таа насока и во иднина ќе се користи напредната технологија и ќе се развиваат и други алатки на асистивна технологија. Фонтот DyslexicFZF, според Филиповска е само едно средство кое може да биде од помош при читањето кај лицата со дислексија, но не е единственото. Со оглед на тоа што постојат и различни видови дислексија, не мора да значи дека употребата на фонтот ќе има ефект кај сите и поради тоа е потребно да се користат и други видови технологии со кои делумно ќе се надмине или пак ќе се заобиколи проблемот со читањето. Во светот постојат голем број на софтверски и хардверски решенија, а како позначајни се истакнуваат софтверот за претворање на текст во говор (text-to-speech софтвер), софтвери за препознавање говор, паметни пенкала итн.
„Асистивна технологија е во суштина широк термин со кој се означува секој уред, систем или дел од опрема, кој може да биде модофициран или прилагоден, а кој се користи за да се подобрат функционалните способности на лицата со попреченост. Овие технологии се користат во различни сфери од животот на овие лица. Дел се користат во образовниот процес, дел за секојдневното функционирање или при работните активности.” истакна Филиповска.
Тука вреди да се напомене и фактот што покрај креирањето на првиот кириличен фонт за дислексија, се креирани и првите софтвери за претворање на текстот во говор (text-to-speech). Се работи за софтверот МАИКА кој го изработи компанијата Emit Knowledge. Алатката функционира со тоа што корисникот внесува текст кој минува низ низа претпроцесирачки чекори, по кои текстот се претвора во говор кој му се дава како повратен одговор на корисникот. Карактеристика на системот е тоа што самиот се учи на кој начин да ги изговара зборовите врз основа на веќе постојно множество на податоци.
Алатката е достапна и бесплатна за користење за сите корисниците на www.maika.mk
Другиот софтвер се нарекува Македонка и е креиран од страна на Филозофскиот Факултет Скопје во рамки на Еразмус+ КА2 проектот со наслов Fostering Accessible Study Technologies: Accessible Learning Management System for Students with Disabilities