”Инклузивна училница во пракса”
🤓Здружението Ајнштајн со задоволство ви го најавува деветтиот вебинар од втората сезона на едукативни настани, вебинарот “Инклузивна училница во пракса”
20-ти ноември (Сабота) 10 часот на платформата ZOOM
Обучувач на вебинарот ќе биде Катерина Николовска- Координатор на центарот за специфично учење во QSI, International School of Skopje; Академски терапевт за јазик и говор и едукативен терапевт .
Овој вебинар претставува едукативно – практичен настан каде што учесниците ќе имаат можност да се запознаат со одблиску со инклузијата како појава за која што сме законски задолжени да ја применуваме во образовните процеси. Обучувачот Катерина Николовска е истакнат практичар во областа на инклузијата и низ голем број на практични примери, методи и стратегии ќе им понуди на учесниците применливо знаење во секојдневната работа со учениците со посебни образовни потреби .
Вебинарот е во времетраење од 3 часа и поделен во четири сесии и тоа:
Сесија 1 – Инклузија (30 минути)
Во оваа сесија ќе се разгледаат и дискутираат аспектите на инклузијата како суштински елемент во образовниот систем, поточно 👇
🔸 Невродиверзитет, прифаќање на состојбите наспроти нивно патологизирање.
🔸 Што ни раскажуваат учениците со различности?
🔸 Ја слушаме ли нивната страна од приказната?
🔸 Препознавање на потенцијалот наместо на недостатокот и како да ги истакнеме предностите додека ги согледуваме и препознаваме недостатоците.
🔸 Невродиверзитетот како моќна алатка во инклузивната училница за создавање балансирани инструкции кои ќе им овозможат еднаков прогрес на сите ученици.
Сесија 2 – ИОП – Индивидуален образовен план (60 минути)
Индивидуалниот образовен план е исто толку важен и клучен колку и учениците со специфични тешкотии.
Стручниот тим во училиштето, наставниците и родителите се алките кои го создаваат комплексниот синџир наречен индивидуален образовен план. Тоа е комплксен процес од неколку чекори.
- Упатување
Идентификација
Проценка
Развој на ИОП-от
Имплементација
Собирање и документирање поддатоци
Евалуација и следење на прогресот
Во оваа сесија ќе погледнеме подлабоко во индивидуалниот образовен план. ИОП-от не е само уште еден документ кој ќе се архивира во досието на ученикот. ИОП-от е „жив“ документ кој расте, се менува и развива симултано со развојот на учениците.
Сесија 3 – Инклузивна училница во пракса (60 минути)
Оваа сесија ќе вклучува👇
🔸Како изгледа една инклузивна училница.
🔸Како звучи една инклузивна училница.
🔸Како се чувствуваме ние во една инклузивна училница, но и како се чувствуваат учениците
🔸Премостување на јазот и клучните фактори за создавање и одржување на инклузивна училница.
🔸Како наставниците и специјалните едукатори и/или образовните асистенти ја перципираат својата улога во процесот на инклузија.
🔸Формирање однос со учениците е есенцијален елемент и појдовната точка за создавање на инклузивна атмосфера во училницата.
🔸Пример и реален приказ на една инклузивна училница во секојдневието:
🔸Профили на ученици
🔸Гласот или изјави на неколку ученици со специфични тешкотии во учењето кои се дел од инклузивна училница
🔸Алатки за организација на час
🔸Организација на деновите по пристап на работилници и диференциран пристап во подучувањето.
Сесија 4 – Резиме и дискусија (30 минути)
📌Цели на вебинарот се:
- Запознавање со моделот на инклузија и што тоа значи во пракса.
Согледување на значајноста на инклузивниот модел и неговата примена во пракса.
Детално запознавање со процесот на креирање индивидуален образовен план како моќна алатка во процесот на инклузија.
Добивање практични примери и алатки за организација и планирање на часовите во инклузивна средина.
Развивање вештини за диференцирано планирање на часовите и диференцирани инструкции во наставата.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк https://forms.gle/fMLbnbG5QWjq2e8QA , по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата.
Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 599 денари.
Попусти за котизација:
Активни членови на Здружението Ајнштајн 20% попусти
Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
Со платежна картичка преку нашата веб страна https://edukacija.com.mk/
Уплата на фактура.
Последен предвиден рок за уплата на котизацијата е 19-ти ноември.
За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885
Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН
Биографија на обучувачот Катерина Николовска
Катерина Николовска е академски терапевт за јазик и едукативен терапевт (во обука) во интернационалното училиште QSI во Скопје. Таа раководи Центарот за специфично учење и работи со деца со специфични тешкотии, односно со деца со дислексија и тешкотии во читање и/или пишување.
Катерина е дипломиран филолог на катедрата за Англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Иако дипломира на преведувачка насока, Катерина од своето дипломирање се насочува во образование и настава. По дипломирањето ги завршува педагошко-психолошките доквалификации на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје.
После 7 години пракса како одделенски наставник и наставник по Англиски јазик се насочува на специјална едукација и рехабилитација поточно на работа со деца со дислексија.
Во 2018-та година ја завршува обуката за академска терапија за јазик односно терапија за деца со дислексија по пристапот на Ортон Гилинхам во Fundamental Learning Center во Канзас, САД. Со оваа обука Катерина се стекнува со сертификат за ALT, Academic Language Therapist и продолжува со работа со оваа категорија на ученици во QSI, International School of Skopje.
Покрај оваа обука, Катерина се здобива со сертификат за едукативна терапија односно NILD Educational Therapy на Институтот за развој на учењето во Будимпешта, Унгарија.
Својата кариера ја насочува во областа на едукативна и јазична терапија и преку својата пракса во интернационално училиште ги истражува елементите и индикациите за специфични тешкотии кај ученици од различно културолошко и јазично потекло.
Катерина во моментот работи на својата магистерска теза во областа на специфични тешкотии на учењето на Институтот за специјална едукација и рехабилитација на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

“Инклузивна училница во пракса”

.

Биографија на обучувачот - Катерина Николовска