Проф . Д-р Софија Георгиевска
Д-р Софија Георгиевска е родена во Скопје на 28.09.1982 год. Основното и средното училиште ги завршила во Скопје. Додипломските студии на Институт за психологија ги завршила во 2005 година со просечен успех 9.82. По завршувањето на додипломските студии, се запишала на последипломски студии на Институтот за социјална работа и социјална политика (насока: Психосоцијална работа) и ги завршила со просечна оценка 9.87. По одбраната на Магистерскиот труд со наслов: Испитување на нивото на емпатичност, алтруизам и асертивност со примена на мултиметодска тринагулација кај студентите од помагателните насоки, се здобила со научен степен магистер по социјална политика.
Во декември, 2005 година, Георгиевска е избрана на Институтот за социјална работа и социјална политика за помлад асистент по области во психологијата и Менталната хигиена, а во декември 2008 за асистент во областите Методики во социјалната работа, Социјална работи и Методологија на социјалните истражувања.
Од 2017 Георгиевска е ангажирана како вонреден професор на Институтот за социјална работа и социјална политика.
Добитник е на наградата за најдобар студент на завршната година на студии во текот на учебната 2004/2005 година на Филозофскиот факултет од страна на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” “26-јули-Франк Манинг”.
Посетувала курсеви и семинари и остварила студиски престои на универзитети во Естонија, Словенија, Хрватска. Ангажирана е како професор на Филозофскиот факултет во Ниш. Еразмус координатор на Филозофскиот факултет во Скопје. Член е на Управниот одбор на здружението „За среќно детство“.
Го зборува англискиот и германскиот јазик.
Истражувачки интереси: методологија и статистика, психосоцијална работа со маргинализирани групи, развој на вештини и техники кај помагателни професии.