Проф. д–р Ана Фрицханд
Проф. д–р Ана Фрицханд е родена 1978 година во Скопје. Дипломирала (2001) и магистрирала (2007) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во ноември 2003 година се вработува на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент при Институтот за психологија. Докторската дисертација на тема „Морално мислење и морална слика за себе кај адолесценти“ ја одбранила во мај 2010 година на Филозофскиот факултет во Скопје, со што се стекнала со звањето доктор по психолошки науки. Во звање доцент е избрана во октомври 2010 година, а во звање вонреден професор избрана е во април 2015 година. Во моментов е раководител на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Во текот на 2008 година била меѓународен алумни на Универзитетот во Минесота-Твин Ситис, САД, како добитник на престижната стипендија Junior Faculty Development Program наменета за млади истражувачи и универзитетски наставен кадар, а администрирана од Амбасадата на САД во Р. Македонија и Стејт Департментот на САД. Од јули, 2017, до октомври, 2019 година била генерален секретар на Македонско Американската Алумни Асоцијација (МААА).
Во текот на нејзиниот досегашен професионален ангажман била ангажирана како главен истражувач, надворешен експерт и аналитичар на повеќе национални и регионални проекти финансирани од меѓународни организации како што се УНИЦЕФ, УСАИД, ОСЦЕ и слично. Воедно, во еден период била член на експертски тимови во Министерството за образование и наука и Министерството за здравство. Во моментов е актуелен потпретседател на Комората на психолози на РСМ.
Течно ги зборува англискиот, српскиот и францускиот јазик.
Истражувачки интереси: развојна психологија, применета развојна психологија, психологија на морал, психологија на мирот и конфликтите.