Катерина Николовска – Координатор на центарот за специфично учење во QSI, International School of Skopje
- By damjanfinal21
- In Uncategorized
- Posted November 17, 2021

Катерина Николовска - Координатор на центарот за специфично учење во QSI, International School of Skopje
Катерина Николовска е академски терапевт за јазик и едукативен терапевт (во обука) во интернационалното училиште QSI во Скопје. Таа раководи Центарот за специфично учење и работи со деца со специфични тешкотии, односно со деца со дислексија и тешкотии во читање и/или пишување.
Катерина е дипломиран филолог на катедрата за Англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Иако дипломира на преведувачка насока, Катерина од своето дипломирање се насочува во образование и настава. По дипломирањето ги завршува педагошко-психолошките доквалификации на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје.
После 7 години пракса како одделенски наставник и наставник по Англиски јазик се насочува на специјална едукација и рехабилитација поточно на работа со деца со дислексија.
Во 2018-та година ја завршува обуката за академска терапија за јазик односно терапија за деца со дислексија по пристапот на Ортон Гилинхам во Fundamental Learning Center во Канзас, САД. Со оваа обука Катерина се стекнува со сертификат за ALT, Academic Language Therapist и продолжува со работа со оваа категорија на ученици во QSI, International School of Skopje.
Покрај оваа обука, Катерина се здобива со сертификат за едукативна терапија односно NILD Educational Therapy на Институтот за развој на учењето во Будимпешта, Унгарија.
Својата кариера ја насочува во областа на едукативна и јазична терапија и преку својата пракса во интернационално училиште ги истражува елементите и индикациите за специфични тешкотии кај ученици од различно културолошко и јазично потекло.
Катерина во моментот работи на својата магистерска теза во областа на специфични тешкотии на учењето на Институтот за специјална едукација и рехабилитација на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.