Мајката која го промени законот за полагање возачки испит
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија
- Posted November 26, 2021


„Мајката која го промени законот за полагање возачки испит„
Дафне Улиана верува дека секој човек заслужува да вози превозно средство. Тоа ги вклучува и лицата со дислексија.
Улиана е еден од двајцата родители што успешно ја притиснаа државата Пенсилванија во САД да креираат аудио-верзија на прирачникот за возење. Таа ја согледала оваа потреба кога му помагала на својот помал син Семјуел да се подготви за полагање на возачкиот испит, кој всушност, е дислексичар.
„Постојано го прашував дали може да го прочита прирачникот“, вели Улиана. „Тој постојано ми велеше дека едноставно не може да го прочита и да го запомни, но ме убедуваше дека тестовите ги решава онлајн и дека ги положува.“
Но, тоа едноставно не било доволно за неа. Иако Сем ги поминувал едноставните тестови, таа била постојано загрижена дека можеби тој нема да успее да ги научи и запомни сите правила и прописи за безбедно возење по патиштата. Исто како Сем, и Улиана се соочувасо дислексија, и знае со какви потешкотии и предизвици се соочува Сем кога треба да чита.
Улиана ги споделила своите грижи со Кетлин Харт, пријателка и едукатор.
„Кетлин подучува еден студент за време на учењето за полагање на возачкиот испит и ги има истите грижи како мене“, вели Улиана. „И Кетлин има син со дислексија.“
Двете мајки се решиле со заеднички сили да дојдат до властите во Пенсилванија и да лобираат кај властите прирачникот за полагање на возачкиот испит да биде направен во аудио-формат. Ваквиот прирачник ќе го направи учењето за полагање на возачкиот испит многу полесен за луѓето што имаат проблеми со читањето.
Двете се сретнале со сенаторот Пат Браун и одделот за транспорт на државата Пенсилванија за да ја остварат својата цел. Како што вели Улиана, со оваа средба започнува едногодишното лобирање и застапување за промена на ова законско решение.
Како личност која долго време била активна во политичките води, Улиана знаела дека ќе биде потребно подолго време за оваа законска измена да помине и да биде изгласана. Но, конечно во април 2017 година оваа законска измена поминува пред законодавните власти, и во Пенсилванија се воведува аудио-прирачник за полагање на возачкиот испит.
Улиана ја остварила својата цел, но таа активно продолжува да се занимава со креирање позитивни законски решенија за лицата со дислексија.
Преземено од: https://www.understood.org