Вебинар „Лутина и агресивно однесување кај деца и млади- Препознавање и одговор(ност)„
- By damjanfinal21
- In Настани
- Posted December 3, 2021

„Лутина и агресивно однесување кај деца и млади- Препознавање и одговор(ност)„
🤩Здружението Ајнштајн во соработка со Психотерапика со големо задоволство ви го најавуваат интерактивниот и несекојдневен вебинар насловен „Лутина и агресивно однесување кај деца и млади- Препознавање и одговор(ност)„ кој ќе се одржи на 18-ти декември со почеток во 10 часот на платформата ZOOM.
👩🏫Обучувач на вебинарот ќе биде една од најистакнатите практичари во областа на психологијата во нашата држава Радмила Живановиќ која e лиценциран психолог и европски акредитиран психотерапевт во Психотерапика.
✳Цел на вебинарот:
Овој вебинар ќе ви понуди психоедукација и практично искуство, како и запознавање, препознавање и работа со лутината и агресивното однесување кај децата, младите и нивните семејства. На присутните учесници на вебинарот освен информации за препознавање на конструктивната и неконструктивната страна на лутината и агресивното однесување, ќе им бидат понудени алатки и пристапи за работа со нивното дете, адолесцент или ученик инспирирани пред се инспирирани гешталт психотерапијата и други игровни тераписки пристапи. Овие алатки/експерименти/пристапи во работата, учесниците директно на вебинарот ќе ги искусат со цел поблиску запознавање со феноменот за кој ќе зборуваме.
⚠За потребите на вебинарот потребно е да имате при себе, молив, боици, листови хартија, пластелин или глина, пешкир…
Вебинарот ќе биде во времетраење од 4 часа и поделен на четири интерактивни сесии со мали паузи помеѓу сесиите .
▪ Сесија 1 – 60 мин.
Вовед
Добредојде и Прикажување на лутината преку цртеж- Цртканици
Психоедукација:
Препознавање на Лутината и агресивното однесување
Карактеристики и знаци на присуство на лутина; Извори и Тригери; Манифестација и изразување, Модели и Оддржување
Реакција или Одговор на возрасните на лутината/агресивното однесување кај децата
▪ Сесија 2 – 50 мин.
Психолошка вежба:
Опис и препознавање на директното искуство на лутината/агресивното однесување кај детето и реакцијата/одговорот кај возрасниот- цртеж
▪ Сесија 3- 80 мин.
Психоедукација:
Процесот на емоционално процесирање на лутината кај детето/младиот:
Кај детето: Препознавање, изразување, пронаоѓање на автентичен и адекватен израз, генерирање на можности
Кај возрасниот: Препознавање, присутност и нормализација, контејнирање, обезбедување на сигурни услови, водење и насочување
Приказ на конкретна ситуација
Психолошки вежби: 50 минути приказ и директна работа
Работа на реална ситуација на (не)изразување на лутина кај детето:
Цртеж, глина/пластелин, движење/танц, играње на улоги-имитација, звук- музика
▪ Сесија 4 – 20 мин.
Затварање на сесијата:
• Свесност – Мобилизација – Акција
• Евалуација
✅Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
На присутните психолози, им се одобрени бодови од Комората на психолози на Р.М за стручно усовршување.
⚠Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк https://forms.gle/Fboutr3KbomQtXpN8, по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата.
🔶Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 649 денари, a последен предвиден рок за уплата на котизацијата е 19-ти декември.
Попусти за котизација:
• Активни членови на Здружението Ајнштајн 20% попусти
Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
• Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
• Со платежна картичка преку нашата веб страна https://edukacija.com.mk/vebinar-lutina/
• Уплата на фактура.
За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885
Со почит
Тимот на Здружение Ајнштајн и Психотерапика