Ана Попризова – Гешталт терапевт и училишен психолог
Ана Попризова е психолог со над 25 годишно работно искуство како професор по психологија и училиштен психолог во Гимназија „Орце Николов“ во Скопје.
Претседателка е на Активот на стручни служби на средните училишта на Град Скопје.
Добро го познава образовниот систем и има искуство во работа и едукација на ученици, наставници, стручни соработници и родители.
Посебен интерес покажува за психологијата на адолесцентите и ги познава нивните особини, период на развој и предизвиците со кои се соочуваат во образовниот процес и пошироко.
Во текот на својата работна кариера е посветена на унапредување на добросостојбата на младите луѓе и активно работи на дестигматизирање на темите како насилство во училиште, булинг, родово засновано насилство, како и поттикнување на ученичкото учество во пошироката општествена заедница.
Има завршена доедукација од областа на Гешталт терапијата, во 2005. Член на Гешталт здружение „Контакт“ (поранешен претседател). Над 10 год. работи како тренер во областа на Гешталт терапијата во рамки на Гешталт институт „Синергија“ кој е верифициран од страна на Европската асоцијација за Гешталт терапија како полноправен член.