Вебинар „Никој не е совршен! Справување со перфекционизмот и прокрастинацијата кај учениците„
- By damjanfinal21
- In Настани
- Posted February 4, 2022

„Никој не е совршен! Справување со перфекционизмот и прокрастинацијата кај учениците„
Здружението за дислексија Ајнштајн со задоволство ви ја најавува четвртата сезона на едукативни вебинари и ве поканува на вебинарот „Никој не е совршен! Справување со перфекционизмот и прокрастинацијата кај учениците„ .
26-ти Февруари (сабота) 10 часот ZOOM
Обучувач на вебинарот ќе биде Ана Попризова – Гешталт терапевт и училишен психолог со 25 годишно работно искуство како професор по психологија и училиштен психолог во Гимназија „Орце Николов“ во Скопје.
Овој вебинар ќе ви понуди психоедукација за поимите перфекционизам и прокрастинација (одолговлекување) кај децата и младите, како и нивни манифестации кои ги препознаваме во однесувањето, факторите кои влијаат на нивна појава и одржување како и начини на кои може родителот или наставникот/стручниот соработник во училиштето да даде поддршка. Присутните учесници на вебинарот, ќе имаат можност преку понудени алатки и пристапи да ги збогатат своите вештини за работа со нивното дете, адолесцент или ученик, втемелени на современите психолошки практики.
Вебинарот ќе опфати и практичен дел со вежби и дискусиони групи.
За потребите на вебинарот потребно е да имате при себе, молив и листови хартија.
Вебинарот ќе биде во времетраење од 4 часа и поделен на четири интерактивни сесии со мали паузи помеѓу сесиите .
Сесија 1 – Психоедукација:
- Вовед
Добредојде и вежба: Јас-перфекционист!
Поим за перфекционизам
Манифестации на перфекционизмот во однесувањето на децата и младите
Фактори кои го предизивикуваат перфекционизмот : социолошки и психолошки
Начини на справување со перфекционизам: Што можат родителите и наставниците да направат
Сесија 2 – Вежби
- Справување со сопствен перфекционизам
Сесија 3 – Психоедукација
- Поим за прокрастинација (одолговлекување):
Манифестации на одолговлекување во однесувањето на децата и младите
Фактори кои влијаат на појава на одолговлекување поврзано со училиште
Начини на справување со прокрастинација – Што можат да направат родителите и наставниците
Вежби:
- Сопствен саботер
Модели за работа со деца и млади кои прокрастинираат во училиште
Сесија 4 – Затварање на вебинарот
- Прашања и дискусија
Евалуација
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате ТУКА, по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата. Доколку пораката не ја добиете во фолдерот Inbox ве молиме да ги проверите фолдерите SPAM или JUNK.
Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 649 денари, за сите активни членови во Здружението Ајнштајн котизацијата изнесува 519 денари.
Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
Со платежна картичка преку нашата веб страна www.edukacija.com.mk
Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
Уплата на фактура.
Последен предвиден рок за уплата е 25-ти февруари.
Биографија на обучувачот Ана Попризова
Ана Попризова е психолог со над 25 годишно работно искуство како професор по психологија и училиштен психолог во Гимназија „Орце Николов“ во Скопје.
Претседателка е на Активот на стручни служби на средните училишта на Град Скопје.
Добро го познава образовниот систем и има искуство во работа и едукација на ученици, наставници, стручни соработници и родители. Посебен интерес покажува за психологијата на адолесцентите и ги познава нивните особини, период на развој и предизвиците со кои се соочуваат во образовниот процес и пошироко.
Во текот на својата работна кариера е посветена на унапредување на добросостојбата на младите луѓе и активно работи на дестигматизирање на темите како насилство во училиште, булинг, родово засновано насилство, како и поттикнување на ученичкото учество во пошироката општествена заедница.
Има завршена доедукација од областа на Гешталт терапијата, во 2005. Член на Гешталт здружение „Контакт“ (поранешен претседател). Над 10 год. работи како тренер во областа на Гешталт терапијата во рамки на Гешталт институт „Синергија“ кој е верифициран од страна на Европската асоцијација за Гешталт терапија како полноправен член.
За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885
Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

„Никој не е совршен! Справување со перфекционизмот и прокрастинацијата кај учениците„
Здружението за дислексија Ајнштајн со задоволство ви ја најавува четвртата сезона на едукативни вебинари и ве поканува на вебинарот „Никој не е совршен! Справување со перфекционизмот и прокрастинацијата кај учениците„ .
26-ти Февруари (сабота) 10 часот ZOOM
Обучувач на вебинарот ќе биде Ана Попризова – Гешталт терапевт и училишен психолог со 25 годишно работно искуство како професор по психологија и училиштен психолог во Гимназија „Орце Николов“ во Скопје.
Овој вебинар ќе ви понуди психоедукација за поимите перфекционизам и прокрастинација (одолговлекување) кај децата и младите, како и нивни манифестации кои ги препознаваме во однесувањето, факторите кои влијаат на нивна појава и одржување како и начини на кои може родителот или наставникот/стручниот соработник во училиштето да даде поддршка. Присутните учесници на вебинарот, ќе имаат можност преку понудени алатки и пристапи да ги збогатат своите вештини за работа со нивното дете, адолесцент или ученик, втемелени на современите психолошки практики.
Вебинарот ќе опфати и практичен дел со вежби и дискусиони групи.
За потребите на вебинарот потребно е да имате при себе, молив и листови хартија.
Вебинарот ќе биде во времетраење од 4 часа и поделен на четири интерактивни сесии со мали паузи помеѓу сесиите .
Сесија 1 – Психоедукација:
- Вовед
Добредојде и вежба: Јас-перфекционист!
Поим за перфекционизам
Манифестации на перфекционизмот во однесувањето на децата и младите
Фактори кои го предизивикуваат перфекционизмот : социолошки и психолошки
Начини на справување со перфекционизам: Што можат родителите и наставниците да направат
Сесија 2 – Вежби
- Справување со сопствен перфекционизам
Сесија 3 – Психоедукација
- Поим за прокрастинација (одолговлекување):
Манифестации на одолговлекување во однесувањето на децата и младите
Фактори кои влијаат на појава на одолговлекување поврзано со училиште
Начини на справување со прокрастинација – Што можат да направат родителите и наставниците
Вежби:
- Сопствен саботер
Модели за работа со деца и млади кои прокрастинираат во училиште
Сесија 4 – Затварање на вебинарот
- Прашања и дискусија
Евалуација
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате ТУКА, по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата. Доколку пораката не ја добиете во фолдерот Inbox ве молиме да ги проверите фолдерите SPAM или JUNK.
Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 649 денари, за сите активни членови во Здружението Ајнштајн котизацијата изнесува 519 денари.
Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
Со платежна картичка преку нашата веб страна www.edukacija.com.mk
Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
Уплата на фактура.
Последен предвиден рок за уплата е 25-ти февруари.
Биографија на обучувачката Ана Попризова