Вебинар „Стратегии и техники за подобро воспитание во училиштето и семејството„
- By damjanfinal21
- In Настани
- Posted February 17, 2022

„Стратегии и техники за подобро воспитание во училиштето и семејството„
12-ти Март (сабота) 10 часот ZOOM
- Модул 1
Драстично опаѓање на воспитанието во училиштето и семејството како да ги научиме децата на вредности? Идентификување на причини и давање на можни решенија за подобрување на состојбата преку презентирање на конкретни примери и студии на случаи од наши училишта) - Модул 2
Запознавање со современата воспитна техника Рестутуција- која успешно може да се користи како во училиштето, така и во семејството (карактеристики, бенефит и примена преку конкретни примери ).
Низ конкретни примери, ќе се обучи наставниот кадар и стручната служба за поефикасно и поуспешно остварување на воспитната мисија во рамките на училиштето посебно на полето: врсничко насилство, деца од дисфункционални семејства, ученици кои предизвикуваат дисциплински проблеми и сл.
Низ конкретни и практични примери родителите ќе бидат во можност да применуваат педагошки стратегии и техники за успешно воспитно делување во рамките на семејството, но да станат и посвесни за потребното внимание кое треба да им го пружаат на децата дома.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да се регистрирате ТУКА, по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата. Доколку пораката не ја добиете во фолдерот Inbox ве молиме да ги проверите фолдерите SPAM или JUNK.
Со платежна картичка преку нашата веб страна www.edukacija.com.mk
Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
Уплата на фактура.
Биографија на обучувачот Проф. д-р Розалина Попова Коскарова
Проф. д-р Розалина Попова- Коскарова е родена во Кавадарци. Додипломски студии завршува на на Филозофскиот факултет при универзитетот „Св .Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за педагогија. Магистрира во 1993 година на истиот факултет, а во 2001 год. ја одбранила докторската дисертација со наслов: Теоретските проблеми во конципирањето на современото интелектуално воспитание и се стекнала со научен степен доктор на педагошки науки. Во 1996 год. е избрана за асистент на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, Универзитет„Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, по предметите општа педагогија и методика на воспитната работа. Во 2002 год. се стекнува со звањето доцент , во 2006 год. вонреден професор, во 2011 година е избрана во звањето редовен професор за прв пат и 2016 год. за редовен професор по втор пат. Учествувала со свои трудови на научни конгреси и симпозиуми во Србија, Бугарија, Хрватска, Турција, Унгарија и Словачка. Автор е на учебниците: Општа педагогија(2011) Стратегии техники и модели за успешно менаџирање во одделението и класот,(2008) и Комуникација во туризмот (2006). Учесник е и раководител на голем број домашни и меѓународни проекти, посебно проекти кои ја третираат воспитната проблематика.
Остварила студиски престој во Шведска во 1999, 2002 и 2015 година.
Активно се служи со англиски, италијански, српски, хрватски јазик.
Назначена е за член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование од страна на Владата на РМ во август, 2017.