Едукативни вебинар Февруари - Март 2022
Оваа година ја започнуваме со 3 нови теми и тоа:

Датум: 26-ти февруари со почеток во 10 часот на ZOOM
Обучувач: Ана Попризова
Овој вебинар ќе ви понуди психоедукација за поимите перфекционизам и прокрастинација (одолговлекување) кај децата и младите, како и нивни манифестации кои ги препознаваме во однесувањето, факторите кои влијаат на нивна појава и одржување како и начини на кои може родителот или наставникот/стручниот соработник во училиштето да даде поддршка.
Присутните учесници на вебинарот, ќе имаат можност преку понудени алатки и пристапи да ги збогатат своите вештини за работа со нивното дете, адолесцент или ученик, втемелени на современите психолошки практики.
Подетални информации за настанот можете да добиете со кликнување ТУКА
Bебинар „Развој на емоционална писменост кај децата„
Датум: 05-ти март со почеток во 10 часот на ZOOM
Обучувачи: Проф. д-р Софија Георгиева и Фросина Денкова Зафировска
Голем број родители, денес, најмногу го фокусираат своето внимание во развојот на академската интелигенција кај своите деца. Но, дали сте забележале колку време поминувате со вашето дете во активности кои ја развиваат неговата емоциоанлна писменост?

Вебинар „Стратегии и техники за подобро воспитание во училиштето и семејството„
Датум: 12-ти март со почеток во 10 часот на ZOOM
Обучувач: Проф. д-р Розалина Попова Коскарова
Како родители и како наставници сме сведоци на целосно занемарување на воспитната мисија на училиштата, што многу негативно се рефлектира врз младите во нашето општество. Причините за занемарувањето на воспитната компонента произлегуваат од два фактори. Од една страна семејството, кое се повеќе нема време за своите деца, а од друга страна училиштето- односно наставниците со се помал авторитет и дигнитет во општеството, многу често се насочени кон остварување само на образовната компонента, што подразбира пренесување на знаења, факти и информации. За да ја промениме состојбата, треба да ја менуваме свеста на нашите наставници дека колку што образуваат, толку треба и да воспитуваат, или поконкретно, воспитно да делуваат. Семејството и училиштето треба взаемно да си помогнат за правилно воспитување на децата и младите кое станува се поголем проблем од загрижувачки размери.

Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за учество на вебинарот.
Котизацијата за секој од вебинарите изнесува 649 денари.