Вебинар „Индивидуален Образовен План – „жив документ“ и практична алатка во наставата„
- By damjanfinal21
- In Настани
- Posted March 2, 2022

26-ти Март (сабота) 10 часот ZOOM
Цел на вебинарот: Академскиот развој и прогрес понекогаш значи излегување надвор од рамките и ѕидовите на традиционалната училница. Индивидуалниот образовен план е клучен елемент во спороведување на настава и инструкции кои ќе бидат достапни за сите деца без разлика на нивните стилови и разлики во учењето. На овој вебинар ќе погледнеме малку подлабоко во значењето на ИОП-от како практична алатка со која се олеснува наставата и за учениците, но и за наставниците. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со потребните чекори за реализација на еден практичен образовен план за ученици со различни специфични тешкотии. Индивидуалниот образовен план не е само документ кој стои во досието на ученикот, туку е „жив“ документ кој расте, се развива и менува онака како што се развива детето. На овој вебинар одблиску ќе ги погледнеме составните делови на ИОП-от, тимот кој е потребен за да се изработи истиот, оработката со родителите и имплементацијата во пракса.
Целна група: наставници, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, педагози, родители, студенти и сите заинтересирани за работа со деца со специфични тешкотии.
Вебинарот ќе биде во времетраење од 4 часа и поделен на 4 сесии со кратки паузи.
Сесија 1 – ИОП и инклузија
• Претставување
• Вежба: Ние и Тие
• Поимите: инклузија, интеграција, исклучување и сегрегација. Зошто се значајни?
• Што всушност е ИОП?
• Кому му е потребен ИОП?
• Како да преознаеме кога детето има потреба од ИОП?
• Кои се следните чекори и што може ние како наставници да направиме.
Сесија 2 – Деконструкција на ИОП
• ИОП на Хартија наспроти ИОП во пракса
• Реализација на чекорите пред ИОП.
• Обработка на Чекор 1, Чекор 2 и Чекор 3
• Вежба: Профил на дете. Што сега?
Сесија 3 – Имплементација на ИОП во училница
• Кој треба да биде вклучен во тимот за изработка на индивидуалниот образовен план.
• Соработка со родителите како клучна алка во инклузивниот синџир
• Акомодации според специфична тешкотија
Дислексија
Аутистичен спектар
АДХД/АДД
Сесија 4 – Затворање на вебинарот
• Дискусија
• Прашања и одговори
• Евалуација
🎇Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
⚠Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на вебинарот потребно е да регистрирате на следниов линк https://edukacija.com.mk/vebinar-iop/
✅Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 649 денари, a последен предвиден рок за уплата на котизацијата е 25-ти март.
Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
• Со платежна картичка преку нашата веб страна www.edukacija.com.mk
• Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
• Уплата на фактура.
Биографија на обучувачката Катерина Николовска
Катерина Николовска е академски терапевт за јазик и едукативен терапевт (во обука) во интернационалното училиште QSI во Скопје. Таа раководи Центарот за специфично учење и работи со деца со специфични тешкотии, односно со деца со дислексија и тешкотии во читање и/или пишување.
Катерина е дипломиран филолог на катедрата за Англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Иако дипломира на преведувачка насока, Катерина од своето дипломирање се насочува во образование и настава. По дипломирањето ги завршува педагошко-психолошките доквалификации на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје.
После 7 години пракса како одделенски наставник и наставник по Англиски јазик се насочува на специјална едукација и рехабилитација поточно на работа со деца со дислексија.
Во 2018-та година ја завршува обуката за академска терапија за јазик односно терапија за деца со дислексија по пристапот на Ортон Гилинхам во Fundamental Learning Center во Канзас, САД. Со оваа обука Катерина се стекнува со сертификат за ALT, Academic Language Therapist и продолжува со работа со оваа категорија на ученици во QSI, International School of Skopje.
Покрај оваа обука, Катерина се здобива со сертификат за едукативна терапија односно NILD Educational Therapy на Институтот за развој на учењето во Будимпешта, Унгарија.
Својата кариера ја насочува во областа на едукативна и јазична терапија и преку својата пракса во интернационално училиште ги истражува елементите и индикациите за специфични тешкотии кај ученици од различно културолошко и јазично потекло.
Катерина во моментот работи на својата магистерска теза во областа на специфични тешкотии на учењето на Институтот за специјална едукација и рехабилитација на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.