Кога најлесно се утврдува дислексијата кај децата, интервју со проф. д-р Aлександра Каровска-Ристовска
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија
- Posted May 2, 2022

Интервју со проф. д-р Aлександра Каровска-Ристовска
Оваа статија е преземена од порталот www.deca.mk – Автор Весна Ивановска-Илиевска
Eден од пет ученици има некоја тешкотија во учењето, покажуваат светските истражувања. Застапеноста на лица со дислексија се движи од 5 до 12 отсто. Нашите домашни истражувања ја покажуваат истата преваленција, вели д-р Aлександра Каровска-Ристовска од Институтот за дефектологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Дислексија е состојба при која мозокот различно го процесира пишаниот или говорениот јазик и создава тешкотии во читањето, пишувањето и генерално во учењето. Со д-р Каровска-Ристовска разговараме за повеќе прашања поврзани со дислексијата – дали во практика веќе се употребува првиот кирилски фонт за дислексија, на која возраст на детето најлесно се утврдува, како да постапат наставниците со дислексичен ученик.
Стручните лица во нашата држава велат дека проблемот со дислексија кајнас е голем. На што се должи тоа?
– Можните причинители за дислексија доминантно упатуваат на физиолошка подлога иако не се занемарува и улогата на средината, како неадекватната стимулација на вербалната комуникација или лош говорен модел (ова се поврзува и со прекумерната употреба на телефони, таблети и слично). Светските истражувања покажуваат дека еден на пет ученици има некоја тешкотија во учењето. Застапеноста на лица со дислексија се движи од 5 до 12%. Нашите домашни истражувања ја покажуваат истата преваленција. Верувам дека оваа процентуална застапеност на лицата со дислексија била слична и во минатото (постои блага прогресија), но денес имаме пософистицирани алатки за процена на дислексијата.
На која возраст на детето/ученикот е најлесно да се уочи дали има дислексија?
Потребно е да се следат првите три години на училиште и ако детето заостанува зад врсниците или не го остварува очекуваниот развоен просек, тогаш да му се сигнализира на стручно лице и да се изврши тестирање. Во тој период треба да се поставуваат следните прашања:
– Дали при именување слики и предмети застанува, не одговара веднаш или не употребува точен збор?
– Дали има фонолошка свесност?
– Дали има тешкотии со помнење песнички?
– Дали умее да понуди збор кој ќе се римува со понудениот збор?
– Дали има просторна ориентација (лево-десно/горе-долу)?
– Дали има проблем со игри од типот – Игри со зборови – каде што треба да запомни точен редослед на зборови во низа?
– Дали може истовремено да запомни неколку (две до три) инструкции?
– Дали се добива впечаток дека понекогаш многу полесно се сеќава на далечни настани, а ги заборава оние од поблиското минато?
– Дали покажува непостојаност во степенот на успешност на совладување дадена тема/материјал?
– Дали остава впечаток дека на моменти не сака да следи/слуша внимателно?
Најточна дијагноза може да се даде на 9-годишна возраст иако знаците за дислексија, односно таканаречените предиктори можат да се уочат уште во предучилишната возраст.
Постои ли метод како да се препознаат овие ученици во нашиот образовен систем?
– Во минатото професионалците се водеа од ставот: „Ако детето има 9 години, просечна или натпросечна интелигенција, а има тешкотии во описменувањето и покрај сите конвенционални методи на подучување – тогаш станува збор за дислексија“. Денес веќе имаме осетливи инструменти за процена на симптомите на дислексија. Процената на дислексијата се изведува на специфичен начин и опфаќа обемна и детална проверка од страна на мултидисциплинарен тим. Воедно, треба да се има предвид дека наставникот игра една од клучните улоги во процесот. Наставникот најчесто е и првата личност што идентификува дека детето не ги извршува налозите на соодветен начин. Тој обично може да ги забележи несовпаѓањата во постигнувањата на детето, особено меѓу усната и писмената изведба.
Во рамките на процената генерално се прави процена на вештините на детето во следните области: читање изолирани зборови; декодирање бесмислени зборови; разбирање на прочитан текст наспроти декодирање поединечни зборови; непрецизно и тешко читање наглас; бавно читање; проблеми при читање мали зборови (од, до, се, е, а)
Крајната оцена, базирана на голем број изведени процени, ја носи мултидисциплинарниот тим. Треба и да се направи разлика меѓу ученици со тешкотии во учењето како што е дислексија и минливи тешкотии како што се: воспитно запуштени деца; ученици што долго време биле отсутни од училиште во почетните фази на описменување и не можат сами да го надоместат пропуштеното; ученици со специфични емоционални состојби поради случувања во семејството; ученици за кои темпото на наставата е пребрзо или методските постапки не одговараат на нивниот когнитивен стил.
Какви материјали за работа се неопходни за дислексичните ученици? Како да се искористи DyslexicFZF?
Пред да се започне со конкретни стратегии за работа со ученици со дислексија, потребно е да се помине подготвителната фаза која се состои од два дела: развој на психомоторните и субјазичките функции и нивната организираност; и усвојување на буквите. Во однос на модификациите на наставата најкорисно е:
– Модифицирање на темпото (чести паузи за повторување и резимирање на темпото);
– Намалување на обемот (потцртување на учебниците и намалување на обемот кој се очекува од ученикот);
– Приспособување на сложеноста (мноштво практични примери за апстрактни концепти);
– Приоритети (да се акцентираат клучните поенти од лекцијата);
– Адаптации на курикулумот (да се намали времето за предмети што бараат јазичен израз);
– Посебни помагала (да се користат картички за потсетување, да се направи распоред-табела со очекуваните чекори, да се користат аудиокниги);
– Промена на рутината (да се дозволи колаборативно-тимско учење);
– Промена на формите на учење (да се овозможи искуствено учење).
Во однос на материјалите, за дел од учениците (оние што искусуваат визуелен дискомфор) се препорачува користење на обоена хартија. Исто така, постојат различни фонтови кои се соодветни за дислексичарите. Comic Sans е еден таков фонт, но тоа не значи дека е соодветен за сите деца. Фонтот кој го изработи Филозофскиот факултет заедно со Здружението за дислексија Ајнштајн ги исполнува сите предуслови за пофлуентно читање кај лицата со дислексија.
Што им препорачувате на основните училишта во Македонија во однос на учениците со дислексија? Што да сторат наставниците за да се надмине овој проблем кај дислексичните деца?
– Неколку клучни компоненти на наставната програма за работа со деца со дислексија би требало да бидат: потенцирање на фонологијата од најниско до највисоко ниво; потенцирање на вештините за слушање; препознавање на важноста на дискусиите; фонолошките вештини се клучниот фокус; развој на вештините за препознавање цели зборови; развивање свесност за реченицата; развивање вештини за креативно пишување; потенцирање на познавањето и учењето на 31 буква и 31 глас од азбуката; вклучување развој на вештини за претчитање како визуелна и аудиторна перцепција; познавање на просторните односи; вклучување игри; развивање на способноста за сегментација на слоговите; развивање на познавање и продукција на рими.
Образовните пристапи што можат да бидат преземени од училиштата се делат во три големи групи: индивидуализирани пристапи, курикуларни пристапи и сеопфатни училишни пристапи. Индивидуализираните пристапи се високо-структурирани, се работат еден на еден и се главен елемент на целокупната стратегија за подучување деца со дислексија. Курикуларните стратегии може да се употребуваат селективно од наставникот и може да бидат интегрирани во нормалните активности од курикулумот. Сеопфатните училишни пристапи, кои се од најголем бенефит за овие деца, препознаваат дека дислексијата е сеопфатна грижа на училиштето и не е одговорност само на поединечни наставници. Овие пристапи се фокусираат на консултации, сеопфатен училиштен скрининг и мониторирање на напредокот на ученикот. Во овие пристапи раната идентификација е клучен аспект.