Доц. д-р Ана Попoска
Ана Попоска е родена 03.04.1975 година во Скопје. Завршила средно медицинско училиште во Скопје, 1993 година. Нејзиното формално образование продолжува на Високата Медицинска Школа во Битола при Универзитетот „Св Климент Охридски“, Битола, Македонија, каде и дипломира во 1997 година. Во 2002 година дипломирала специјална рехабилитација и едукација, на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ Скопје, Македонија, а во 2008 година завршила логопедија, при Филозофски факултет на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ Скопје. Нејзините постдипломски студии се магистер по логопедија, на Универзитетот „СС Кирил и Методиј“ Скопје, Македонија, во 2009 година, докторат по специјална едукација и рехабилитација, од областа на развојните говорно јазични нарушувања, на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ Скопје, Македонија,завршила во 2014 година. Во моментов е на специјалистички студии по Рана Интервенција на Медицинскиот Факултет во Нови Сад, република Србија.
Ана Попоска го надградува својот професионален стручен профил со сертифицирање на своето знаење на повеќе сертифицирани курсеви: Рана проценка на говорно јазични нарушувања, на Факултетот за специјална едукација и рехабилитација, во 2019 година во Загреб, Хрватска, Биомеханика во терапија на орално-моторниот механизам и поддршка, во 2019 година, организиран од Safea EOOD, Софија, Бугарија, Интеграција на примитивни рефлекси, организирана од Центар за поддршка, Нови Сад, 2018, Виброакустична терапија, Загреб Хрватска, 2019, Вербо-тонален метод во говорна терапија , во Клиника Суваг Загреб во 2015 , Бреин Џим, Загреб, 2016, Сензорна интеграција (сертифициран терапевт-основен)-Wien Sensory Institute, Австрија, 2014 година, Имплементатор на PECS (ниво 1)- PECS Атина, Грција, 2014 година, имплементатор на ABA (ниво 1)- PECS Атина, Грција, 2014 година, Берингер DLS сертифициран SLP терапевт, 2013 година и Курс за „Дијагноза и третман на развојни нарушувања организирана од Сојуз на дефектолози, во 2013 г., Скопје.
Ана Попоска работи повеќе од 20 години во клинички услови почнувајќи од 1995 до 2002 година, како медицинска сестра во Универзитетскиот клинички центар, Скопје, Македонија. Од 2002 до 2009 година, таа е специјален рехабилитатор во одделот за логопедија, а денес, нејзината позиција е раководител на одделот за логопедија, во ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор, и глас. Таа веќе 4 години е претседател на Комисијата за унапредување на квалитет во заводот, член на комисијата за категоризација на лица со попреченост, член на комисијата за полагање на стручен испит за логопеди како и координатор на комисијата за акредитација на здравствени установи.
Од 2016 година, Попоска е предавач по логопедија на Германскиот колеџ Хајмерер, во Приштина, Р Косово. Од 2017 година, таа е продекан за смерот логопедија, а во 2020 година е избрана за доцент на истиот колеџ.
Ана Попоска е коавтор на книгата „Вовед во клиничка логопедија“, објавена од колеџот Хајмерер, Приштина, 2019 година, „Јазик, Билингвизам и Дислексија“, објавени во 2022 год, Инструментот за процена на артикулативни способности Артикулационен Тест, во 2022 година, како и „Педијатриски Прирачник“, издаден од ТРИ, во 2022 година . Таа е автор на Акредитирана институционална програма за рана говорно јазична интервенција, спроведена во ЈЗУ Завод за рехабилитација на говор, слух и глас, Скопје.
Ана Попоска е член на повеќе стручни здруженија и асоцијации кои го третираат проблемот на попреченост (Здружение на логопеди на СРМ, Сојуз на дефектолози на СРМ, Македонско научно здружение за психофизиологија)
Ана Попоска беше двапати наградена за Годишна награда за 2016 и 2019 година за посебен придонес во рехабилитација на пациенти со говорно – јазични нарушувања, од страна наЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас, Скопје. Таа е прогласена за најдобар практичар за 2018 година, во Република Македонија од Фондацијата „Проф. Д-р Љупчо Ајдински “.
Ана Попоска има богато искуство во учество на важни јавни настани како и многу светски, регионални и меѓународни професионални настани – конгреси, симпозиуми и конференции. Таа има објавено повеќе стручни и изворни трудови од својот делокруг на работа во повеќе стручни списанија.