Повик за обука „Зајакнување на поддршката за учениците со дислексија „
- By damjanfinal21
- In Проекти
- Posted May 27, 2022

Повик за учество на 4 учесници на обука „Зајакнување на поддршката за учениците со дислексија во инклузивна училница„ во Чита Ди Кастело, Италија
Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во рамки на Еразмус + проектот „Dyslexia online teaching courses – DysCourse” објавува повик за учество на 4 учесници на обуката насловена „Зајакнување на поддршката за учениците со дислексија во инклузивна училница„
Датум на одржување: 05-ти до 08-ми Јули 2022
Локација: Чита ди Кастело, Италија
Сите патни трошоци како и трошоците за храна и сместување за учесниците се покриени од страна на Здружението за дислексија Ајнштајн.
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења за дислексијата и вештини за користење на e-learning систем на учење .
Самата обука ќе биде реализирана од страна на партнерската организација на проектот Centro Studi Villa Montesca oд Италија и низ истата ќе бидат опфатени повеќе поглавја меѓу кои:
- Предизвиците во Италијанските училишта при работа со учениците со специфични тешкотии во учењето
- Добри практики за дислексија од Македонија и Унгарија
- Дислексијата и изучувањето на странските јазици
- The Mesezene метод, развој на фонолошката свесност кај децата од 6 години
- Специфичните тешкотии во учењето низ клинички аспект
- Како да користиме e-learning платформи за надградба на знаењата во областа на дислексијата
За кого е наменета оваа обуката?
Оваа обука е пред се наменета за професионалци од областа на специфичните тешкотии во учењето, како што се универзитетски професори, наставници, специјални едукатори и рахабилитатори и логопеди.
Кои се предусловите за учество?
- Познавање на Англиски јазик пишан и говорен
- Желба за стекнување на нови знаења и вештини од областа на дислексијата
Како да се пријавам?
Сите оние кои се заинтересирани за учество на обуката потребно е да ја пополнат електронската пријава достапна ТУКА
Кој ќе учествува на обуката?
На обуката ќе учествуваат 4 учесници од Северна Македонија, 5 учесници од Италија, 4 учесници од Унгарија и 2 учесници од Латвија.
Заедно со учесниците на обуката ќе присуствуваат по двајца претставници на проектните тимови од Здружението Ајнштајн и партнерските организации.
Каде можам да најдам повеќе информации за локацијата на обуката?
Сите потребни информации кои се однесуваат на локацијата каде што ќе се одржува обуката градот Чита ди Кастело во Италија можете да ги најдете со кликнување ТУКА
Кога е последен рок за пријавување?
Последниот рок за пријавување на вашиот интерес за обуката е 05-ти јуни.
Кога да очекувам одговор дали сум избран/а за учество на обуката?
Најдоцна 5 работни денови, по крајниот рок за пријавување сите пријавени учесници ќе добијат известување за статусот на нивната пријава.
За дополнителни прашања можете да не контактирајте на info@disleksija.org.mk или јавете се на телефонскиот број 070688885
Проектот „Dyslexia online teaching courses – DysCourse” е финансиран од страна на Европската Унија преку Еразмус + програмата, а истиот се спроведува од страна на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во партнерство со FONDAZIONE Hallgarten-Franchetti Centro Studi Villa Montesca од Италија, Gallileo Proggeti од Унгарија и Латвиската асоцијалција за дислексија.