„Светско собрание за дислексија„ 11-ти Јуни 21:00h
- By damjanfinal21
- In Блог, Занимливости
- Posted June 10, 2022

„Светско собрание за дислексија„ 11-ти Јуни 21:00h
Во Април Made By Dyslexia ја започнаа иницијативата „Светско собрание за дислексија„. Така започна првиот глобален настан насочен кон креирање на системски промени за тоа како светот треба да ја перцепира, дефинира и поддржува дислексијата.
Светското собрание за дислексија е социјално движење на моќни и страсни дислексичари со единствена мисија: да ја предизвикаат нееднаквоста и да го поттикнат неограничениот потенцијал на дислексичното размислување во секое училиште и секое работно место.
Знаеме што се треба да се промени за да се израмни теренот за игра и да се погрижиме секој дислексичар да ги оствари своите потенцијали и да ја добие соодветната поддршка. Треба само да ги собереме вистинските луѓе кои ќе ни помогнат да го направиме тоа.
Затоа овие настани имаат за цел да ги соберат на едно место влијателните дислексичари, вклучувајќи голем број на светски лидери, иконски брендови и моќни менувачи.
Првото Светско собрание за дислексија се одржа во Кралската палата во Стокхолм, Шевдска. На овој настан присуствуваа, неговото височество Кралот Карл Филип (дислексичар), нејзиното височество Принцезата Софија од Шведска и нејзиното височество Принцезата Беатрис (дислексичарка) од Обединатото Кралство, а истиот е организиран во партнерство со Swedish Prince Couple’s Foundation, Prinsparet Stiftelse, и поддржан од Microsoft.
Премиерата на овој настан ќе се одржи на 11-ти јуни во 21 часот преку социјалната мрежа Facebook и Youtube.
На настанот ќе се обрати Принцезата Беатрис која ќе објасни зошто е потребно сите наставници да бидат обучени за дислексија. Од светски водечките компании како HSBC и EY ќе имате можност да слушнете зошто тие активно регрутираат лица кои имаат дислексичен начин на размислување.
Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс ќе зборува за сопствената борба со дислексија и важноста секое дете со дислексија да ја добие соодветната поддршка и потпора во животот за да ги достигне своите вистински потенцијали.
👉Регистрирајте го вашиот интерес за Facebook премиерата на настанот тука
👉Гледајте ја премиерата на YouTube тука
Ве очекуваме,
Дамјан Николовски -Претседател
Здружение за дислексија Ајнштајн
I’m #MadeByDyslexia – expect big thinking & small typos

„Светско собрание за дислексија„ 11-ти Јуни 21:00h
Во Април Made By Dyslexia ја започнаа иницијативата „Светско собрание за дислексија„. Така започна првиот глобален настан насочен кон креирање на системски промени за тоа како светот треба да ја перцепира, дефинира и поддржува дислексијата.
Светското собрание за дислексија е социјално движење на моќни и страсни дислексичари со единствена мисија: да ја предизвикаат нееднаквоста и да го поттикнат неограничениот потенцијал на дислексичното размислување во секое училиште и секое работно место.
Знаеме што се треба да се промени за да се израмни теренот за игра и да се погрижиме секој дислексичар да ги оствари своите потенцијали и да ја добие соодветната поддршка. Треба само да ги собереме вистинските луѓе кои ќе ни помогнат да го направиме тоа.
Затоа овие настани имаат за цел да ги соберат на едно место влијателните дислексичари, вклучувајќи голем број на светски лидери, иконски брендови и моќни менувачи.
Првото Светско собрание за дислексија се одржа во Кралската палата во Стокхолм, Шевдска. На овој настан присуствуваа, неговото височество Кралот Карл Филип (дислексичар), нејзиното височество Принцезата Софија од Шведска и Нејзиното височество Принцезата Беатрис (дислексичарка) од Обединатото Кралство, а истиот е организиран во партнерство со Swedish Prince Couple’s Foundation, Prinsparet Stiftelse, и поддржан од Microsoft.