Повик за обуката „Иновативни СТЕМ алатки за работа со ученици со дискалкулија„ Белгија
- By damjanfinal21
- In Проекти
- Posted September 22, 2022

Повик за учество на обуката „Иновативни СТЕМ педагошки алатки за работа со ученици со дискалкулија„ во Монс, Белгија
Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во рамки на Еразмус + проектот „Courses for parents of children with dyscalculia – CALCUATE” објавува повик за учество на 5 учесници на обуката насловена „Иновативни СТЕМ педагошки алатки за работа со ученици со дискалкулија„.
Датум на одржување: 21-ви до 25-ти Ноември 2022
Локација: Монс, Белгија
Сите патни трошоци како и трошоците за храна и сместување за учесниците се покриени од страна на Здружението за дислексија Ајнштајн.
Дали поседувате желба и интерес да работите и да им помогнете на учениците кои се соочуваат со дискалкулија? Тогаш веројатно токму оваа обука е за вас.
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со вештини за иновативни СТЕМ алатки за подучување на математиката кај учениците кои имаат дискалкулија.
Самата обука ќе биде реализирана од страна на партнерската организација на проектот LogoPsyCom oд Белгија и низ истата ќе бидат опфатени повеќе поглавја меѓу кои:
• Што претставува дискалкулијата;
• Идентификување на дискалкулијата ;
• Интервенција на дискалкулија (систем на поддршка на повеќе нивоа);
• Прилагодување за учениците со дискалкулија ;
• Сценарија на часови;
• Практични стратегии и алатки за работа со учениците со дискалкулија;
За кого е наменета оваа обуката?
Оваа обука е пред се наменета за родители на деца со дискалкулија, но на истата можат да се пријават и наставници и професори по математика.
Кои се предусловите за учество?
• Познавање на Англиски јазик пишан и говорен
• Основи познавања за состојбата дискалкулија
• Желба за стекнување на нови знаења и вештини од областа на дискалкулијата
Како да се пријавам?
Сите оние кои се заинтересирани за учество на обуката потребно е да ја пополнат електронската пријава достапна ТУКА
Кој ќе учествува на обуката?
На обуката ќе учествуваат 5 учесници од Северна Македонија, 5 учесници од Италија и 5 учесници од Белгија.
Заедно со учесниците на обуката ќе присуствуваат по двајца претставници на проектните тимови од Здружението Ајнштајн и партнерските организации.
Каде можам да најдам повеќе информации за локацијата на обуката?
Сите потребни информации кои се однесуваат на локацијата каде што ќе се одржува обуката градот Монс во Белгија можете да ги најдете со кликнување ТУКА
Кога е последен рок за пријавување?
Последниот рок за пријавување на вашиот интерес за обуката е 10-ти октомври.
Кога да очекувам одговор дали сум избран/а за учество на обуката?
Најдоцна 5 работни денови, по крајниот рок за пријавување сите пријавени учесници ќе добијат известување за статусот на нивната пријава.
За дополнителни прашања можете да не контактирајте на info@disleksija.org.mk или јавете се на телефонскиот број 070688885
Проектот „Courses for parents of children with dyscalculia – CALCUATE” е финансиран од страна на Европската Унија преку Еразмус + програмата, а истиот се спроведува од страна на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во партнерство со LogoPsyCom од Белгија и FONDAZIONE Hallgarten-Franchetti Centro Studi Villa Montesca од Италија.

Повик за учество на 5 учесници на обуката насловена „Иновативни СТЕМ педагошки алатки за работа со ученици со дискалкулија„ во Монс, Белгија