Борбата на Розалин со дислексијата
- By damjanfinal21
- In Блог, Дислексија
- Posted September 30, 2022

Борбата на Розалин со дислексијата
Пред се, ви благодарам што издвоивте дел од вашето време за да го прочитате овој текст. Она што сакам да го споделам со вас е нешто што за мене е многу лично и емотивно. Кога имав 30 години открив нешто што ми го промени животот за секогаш и е токму она кое сакам да го споделам со вас. Искрено се надевам дека тоа што ќе го прочитате подолу во овој текст ќе успее да го промени вашиот живот или животот на некој ваш близок.
Јас бев девојка која порасна во Гана, која не можеше ниту да го прочита, ниту да го напише дури и сопственото име. Секогаш бев бавна и последна во совладувањето на материјалот по речиси сите училишни предмети и секогаш добивав слаби оценки по сите предмети. Моите наставници ме казнуваа за слабите оценки, а моето семејство ме исмеваше за поради резултатите постигнати во училиште.
Токму ваквиот третман од околината придонесе за градење на лоша слика за самата себе и едноставно сметав дека јас не сум способна да успеам во ништо. Моја самодоверба беше на многу ниско ниво, изгубив надеж и навистина не знаев што да преземам за да бидам подобра. На почетокот мислев дека одењето во училиште е добра идеја, но потоа секој ден поминат на училиште за мене претставуваше кошмар. Едноставно училиштето не беше емоционално безбедна средина за мене. Длабоко во себе воопшто не бев среќна и многу често помислував да се откажам се.
Во Гана, учениците започнуваат со средно училиште на 15 години. Кога јас го полагав приемниот испит за запишување во средно училиште веќе имав полни 18 години, а причината за тоа беше постојаното повторување на одделенијата поради слабите оценки. Се сеќавам дека кога го полагав мојот приемен испит, речиси ништо не успевав да прочитам и секако крајниот резултат беше многу низок. Токму тоа беше причината што воопшто не бев ни вметната во листата со кандидати за запишување, и покрај тоа што се работеше за интернационално училиште. Едноставно не сакаа моите слаби резултати да влијаат на успехот на нивното училиште. Само знаев дека морам да се запишам во средно училиште бидејќи немаше никаква логика повторно да повторувам одделение, а веќе имав наполнето 18 години. На крајот се пријавив за приемен тест во државно селско училиште. Замислете само како се чувствував! Единствено девојче од сите пријатели кое од интернационално приватно училиште се запишува во државно селско средно училиште.
После се што поминав навистина бев емоционално истрауматизирана, со постојано чувство на анксиозност, стравови и чувство дека никаде не сум добредојдена. Мојот кошмар не заврши тука. По кратко време пристигнаа и резултатите од тестирањето – освоив минимален број на бодови. Нема да можам во ниту едно училиште да се запишам со вакви резултати си помислив. Се изнаслушав секакви работи од многу луѓе. Едни ми велеа дека моето школување е завршено, некои ми велеа дека знаеле дека нема да успеам. Премногу лоши и демотивирачки работи беа кажани за мене. А најлошото од се беше што јас нивните зборови ги прифатив како моја судбина.
Сакав да се откажам, да најдам некоја работа или да почнам да и помагам на баба ми во фармата. Ова го размислував се до моментот кога тогашното мое момче не ми кажа нешто што ми беше многу потребно да го слушнам во тој момент.
“Секој човек е добар во нешто. И ти си сигурно многу добра во нешто, затоа немој никогаш да помислиш дека си помалку вредна од другите”. Тој веруваше во мене, знаеше дека можам да бидам нешто повеќе и со помош на неговата поддршка решив да си дадам уште една последна шанса. Целиот свој живот знам дека единственото нешто што го правам подобро од моите пријатели е готвењето. Мојата храна секогаш била и се уште е многу вкусна, едноставно како да имам магични раце кога ги комбинирам продуктите и состојките во јадењата без никаков проблем или потешкотија. И денеска знам дека готвењето е еден од многуте мои таленти.
Се одлучив да ја искористам мојата последна шанса и аплицирав во едно училиште за да ја изучувам уметноста на кулинарството. Го започнав моето учење и погодете што? Токму тоа беше опкружувањето кое ми беше потребно. За мене беше потребно само учење низ експерименти и практични примери,а ова училиште ми го овозможуваше токму тоа.
Она што започна како последна моја надеж и шанса , претставуваше старт на моето патување во светот на кулинарството и угостителството.
Ја пронајдов својата нова љубов. Токму кулинарството ја истакна мојата креативност да творам и да создавам работи кои јас ги сакам и во кои сум повеќе од добра. Во тоа време бев секогаш или прва или втора во се, за разлика од претходниот период од животот. Едноставно се чувствував дека универзумот ме прифати и ги истакна моите силни страни.
Денеска се чувствувам дека сум добра во многу работи. Иако се уште имам проблеми со читањето и пишувањето. Многу често трошам многу време да завршам некоја работа за разлика од моите колеги особена кога се работи за некакви документи. Трошам повеќе време на тоа да ги составам моите мисли во една целина која ќе има смисла за другите да ја разберат.
Еднаш некој ми посочи дека можеби сум дислексична. Си помислив “о, боже што ли е тоа?” Започнав да пребарувам и да читам за дислексијата и не можев да си поверувам што читам. Се што прочитав се поклопуваше со се она што се соочувам секојдневно речиси 30 години. И така мојот интерес за дислексијата се зголеми па решив на 30 годишна возраст да се тестирам за дислексија. Се уште се сеќавам каков наплив на емоции и различни чувства имав кога ги поминував сите фази на тестирањето, кое го направив во Швајцарија бидејќи тогаш студирав таму. После поминување на сите фази, официјално кај мене беше детектирана дислексија. Се сеќавам дека стручното лице ми кажа “Не знам како си успеала да бидеш ова што си денеска без да знаеш дека си дислексичар”.
Токму тоа во мене ја поттикна желбата да ја подигнам јавната свест за дислексија кај родителите и самите деца. Поминаа 3 години откога ми беше детектирана дислексијата, но и од тој момент започнав со споделување на мојата приказна за да им олеснам на многуте деца кои се соочуваат со дислексија.
Како човек растев со недетектирана дислексија и поради тоа се соочував со голем број на проблеми особено во периодот на моето образование, но исто времено и се чувствував многу отфрлено од околината поради различниот начин на кој што размислував. После неколку години работење на себеси и прифаќање на тоа што сум, верувам дека следниве неколку работи е потребно секој родител и наставник да ги знае се со цел да изградиме едно инклузивно општество и општество кои ќе има капацитети да ги прифати потребите на едни од најпрекрасните деца на светот, децата кои секојдневно се борат со дислексијата.
Затоа за почеток е потребно да ги разберете и запомните следниве факти:
- Дислексијата е потешкотија во читањето и пишувањето
- Точната причина за појавата на дислексијата се уште не е научно докажана
- Дислексијата не е болест, туку состојба при која мозокот различно ги процесира пишаниот и говорниот јазик
- Лицата со дислексија се најчесто натпросечно интелигентни
- Идеалниот третман на дислексија се остварува во тесна соработка со стручно лице, родителот и наставникот
Како родител доколку ви биде кажано дека вашето дете ќе биде исклучително интелигентно, креативно, ќе размислува во слики и секогаш ќе ја гледа големата слика на нештата, сигурно ќе бидете среќни така? Секако затоа што тоа се едни од факторите дека вашето дете ќе биде успешно во животот, така?
Но сега замислете дека ви соопштуваат дека вашето дете се соочува со потешкотии во читањето и пишувањето и со истото ќе се соочува целиот свој живот.
Исто како што монетата има две страни, така е и со дислексијата. Од една страна преставува извонредна дарба, а од друга страна голема борба. Го знам ова бидејќи сум дислексичар. Докажано е дека 1 од 5 лица на светот се соочува со оваа состојба. Дислексијата е едноставно различен начин на размислување и малку поразличен начин на функционирање на мозокот. Апсолутно нема никаква врска со интелигенцијата. Едноставно за нас буквите како симболи немаат големо значење тоа се само цртички кои тешко успеваме да ги поврземе.
За мене лично беше огромно олеснување кога дознав дека имам дислексија, едноставно многу работи ми беа појасни. Секое лице со дислексија поседува различни вештини, се соочува со различни предизвици, но токму тоа е состојбата која ги поврзува луѓето како Пабло Пикасо, Волт Дизни, Ричард Бренсон и други.
Лицата со дислексија секогаш ја гледаат големата слика, размислуваат во слики и ги гледаат работите мулти-димензионално токму затоа уметноста, архитектурата, претприемништвото се едни од патиштата каде што ние можеме да бидеме екстремно успешни. Едно нешто е многу важно, а тоа е раната детекција и поддршка на учениците со дислексија.
На дислексијата треба да гледаме како на сет од уникатни способности кои ги има една индивидуа наместо како на потешкотија и слабост.
Наставниците и родителите кои сметаат дека детето ќе ја надмине дислексијата или дека едноставно истата ќе исчезне дефинитивно не се во право. Дислексијата е доживотна состојба , но доколку на детето му се понуди правилен пристап и третман може да живее сосема успешен и квалитетен живот во кои ќе преовладуваат предностите на дислексијата наместо недостатоците.
Не секое дете кое се соочува со дислексија ќе биде познато како Џон Ленон, Алберт Ајнштајн, Стив Џобс и други, но секако тоа не значи дека нема да бидат успешни во своите животи. Наставниците и родителите мораат да ги препознаат знаците на дислексија и да им помогнат на учениците, само е потребна голема желба.
Пишува: Rosalin Abigail Kyere-Nartey – Dyslexia Awareness Champion